FireShot-Screen-Capture-081-Мијалков_-Нема-прошка-за-никого-законите-се-строги-–-TELEGRAF-crop-resize

 

Во овој случај целта е јасна – да се релативизира сѐ она што се случува во овој миг во државата и на конкретниот настан да му се даде сосема друга димензија.

FireShot Screen Capture #081 - 'Мијалков_ Нема прошка за никого, законите се строги – TELEGRAFЛинк до оригиналниот напис: Мијалков: Нема прошка за никого, законите се строги

Датум и време на објавување: 20.02.2015, 17:48

Датум на рецензирање: 24.02.2015

Рецензент: Александар Писарев

 

УА ШНАЈДЕРИ

Кога сме во кино и во моментот гледаме на филмското платно дека се исечени некои битни секвенци, публиката вика „уа шнајдери“. Во овој случај публиката молчи, а шнајдерите толку го прекроиле „филмот“ што ни оние кои веќе еднаш го виделе не можат да го препознаат. Ако на „шнајдерите“ тоа им била целта, тогаш работата успешно си ја завршиле.

„Филмот“ кој треба да им се допадне на граѓаните ја обработува содржината на „третата бомба“ која е објавена од страна на опозицијата и се однесува на настанот од јуни месец 2011 година кога е уапсен лидерот на политичката партија Обединети за Македонија, Љубе Бошковски. Со објавување на телфонските разговори помеѓу директорот на УБК, Сашо Мијалков и уредникот на телевизијата Сител, Драган Павловиќ Латас и со сопственикот на телевизијата Канал 5, Емил Стојменов на виделина излегле не само притисок и влијание на медиумите од страна на државен орган, туку и омраза кон политичкиот противник, суетата на соговорниците, чиј разговор е презентиран и повреда на серија законски прописи и Уставот на Република Македонија.

 

МОНТАЖЕРИ

Секвенци од снимениот разговор, кои се непобитни факти, се скриени од јавноста, а измонтирана е содржината која треба читателите да ги одведе на крив пат и да им се измие мозокот. Како низ инка им се става во главата дека сé што слушаат надвор од некои медиуми е лага и предавство против татковината. Односно, дека тоа што тие не го објавиле не се ни случило.

Со строга селекција само на делови од снимениот разговор се соопштува пропагандна порака која треба да потврди вмешаност на Љубе Бошковски во криминал, а со повикување на „аналитичарите“ да се потврди „регуларност“ на изборите и да му се измие образот на шефот на УБК, Сашо Мијалков, министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, шефот на кабинетот на премиерот Никола Груевски, Мартин Протуѓер и нивните мегафони од телевизијата „Сител“ и „Канал 5“ Драган Павловиќ – Латас и Емил Стојменов. И притоа да се дискредитира лидерот на опозицијата, Зоран Заев и прикаже како манипулант кој сака да го заштити Љубе Бошковски. Главниот момент во целата приказна е „правдата и почитување на законот“ од страна на оние кои во овој случај ги прекршиле сите законски и етички норми.

Нема прошка за никого, законите се строги… ова го вели шефот на УБК Сашо Мијалков во разговорот со уредникот на „Сител“ Драган Павловиќ Латас во рамките на материјалите од снимените разговори.

Според домашни аналитичари оваа снимка што денес ја објави лидерот на опозицијата Зоран Заев, изборите биле регуларни при што било нагласено строго почитување на законските правила.

 

САМО ЗА 18+

Во овој текст како да не е важно дали некој прислушувал илјадници граѓани полни четири години, не  се важни жртвите на овој нелегален план, не е важно дали новинари, полицијата, нарачувале судски одлуки и режирале апсења какви сакале. Не е важно што со тоа се урива правниот и уставниот поредок на државата.

Во информацијата се скриени најважните сегменти од разговорот помеѓу шефот на УБК, Сашо Мијалков и новинарот Драган Павловиќ Латас во еден разговор и Мијалков и директорот на телевизијата „Канал 5“, Емил Стојменов, од кои се гледа целото неетичко однсеување на полицијата кон уапсениот несреќник, скриено е иживувањето на полицијата пред камерите, скриена е изјавата во која чефот на тајната полиција веќе му одредила на Бошковски затворска казна, што е еклатантен пример на кршење на пресумпцијата на невиност.

Скриени се цели елементи од апсењето како што е опишано во овој опис.

Лежеше 40 минути на земја доле на улица како говедо со свртрена глава кон клозетот. Еј говедо едно, маме у п… да му е… 

Осум години ќе му биде ова, да знаеш!…

Легнување на асфалт може, ама Пуки или некој од другиве му бутале пиштол во уста…

Колку примитивизам и нечовечност има во деловите од тој разговор и со какво уживање соговорниците ги коментираат настанот. Каков е моралот на соговорниците кои се во дилема дали го пуштат снимениот материјал во кој се прикажува пикање пиштол во уста на несреќникот со што се загрозува неговиот живот и се нарушува неговото човечко достојанство.

Се ова зборува за очигледно неетичкото однесување од страна на полицијата и тоа пред телевизиските камери со што е прекршена уставната одредба од членот 11 од Уставот, членовите 80,81 и 85 од Законот за полиција, член 37 и 38 од Кодексот на полициска етика, кои забрануваат нечовечно постапување при апсењето. Има индиции дека со повредување на правните акти се прави кривично дело. Дали учесниците во разговорот, кои договараат да се сопрат автобусите со луѓе кои сакаат да протестираат, знаат дека, според член 21 од Уставот, „граѓаните имаат право мирно да се собираат и да изразуваат јавен протест без претходно пријавување и без посебна дозвола“?

И дали непотпишаниот автор на овој текст чул за Кодексот на новинарите на Македонија, чии основни одредби се, исто така, прекршени?

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВистинитост

нема факти

неверодостојни наводи

infoVistinitostИзвори на информации

има евидентирани извори

неофицијални, анонимни

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСодржајност

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПристрасност

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКоментирање

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПлагијат

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКвалитет на насловот

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФотографија

има

соодветна

ни манипулира ни информира – ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГовор на омраза

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУреден за веб

читлив

квалитетни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Коментари

Коментарите ќе бидат модерирани според правилата за коментирање и нема да се толерираат навреди, клевети или говор на омраза.

Одговори