23-09876-098-crop-resize

 

Кога вистината се спинува, кога фактите се мешаат со паушални тврдења, кога нема извори, кога отсуствуваат експерти, а се повикува на нивното „мислење“, кога наместо информативни се користат коментаторски елементи, кога пристрасноста е присутна до екстремен степен… тогаш зборуваме за ваков текст

2Линк до оригиналниот напис: Сценариото на Заев полека, но сигурно се урива

Датум и време на објавување: 21.02.2015, 18:01

Датум на рецензирање: 25.02.2015

Рецензент: Владимир Мирчески

 

„НОВИНАРСКИОТ“ БАРАБАН ТРОПА ВО ПАРТИСКИ РИТАМ

Од почеток да расчистиме – кога еден напис почнува со констатација, а не со информација, тогаш не зборуваме за кредибилен новинарски производ. Не може, недозволиво е, конечно, неприфатливо е, според ниту еден професионален критериум, главата на еден текст да содржи неаргументирано тврдење, обвинување, заклучок, наведување непостоечки извори, а ниту „В“ од вест. Оттука, произлегува дека намерата била да се минимизира аферата со прислушувањето зад која, според опозицијата, стои врвот на државата, а не на публиката да ѝ се пласира информација, или, пак, да ѝ се даде продлабочен преглед на исклучително сложената ситуација, во која се наоѓа државата, при што искривувањето на фактите е сериозно. Се продолжува со тврдењето дека опозицискиот лидер материјалите ги добивал од странски служби, иако најповиканиот орган – МВР тоа не го вели. Натаму, се тврди дека разговорите се креирани, а досега ниту еден од засегнатите државни функионери кои се на снимките не ја демантирале веродостојноста. Дополнително, паролашката формулација „граѓаните не наседнаа“ не е со ништо поткрепена, бидејќи нема какви било граѓани во текстот.

Како на „барабан се тропа“ со тезата дека паѓа во вода тврдењето на опозицијата оти шефот на УБК стои зад скандалот, бидејќи токму тој „бил еден од најприслушуваните“ што е класичен спин зашто беше објаснето дека неговиот телефон не е на листата прислушувани, туку дека тој разговарал со некој кој бил слушан.

Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи. До колку информацијата не може да се потврди, или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави. Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно – член 1 од Кодексот на новинари.

Сличен е приодот и во „анализата“ на содржината на дел од разговорите на кои се слуша како извесен уредник на национална телевизија се жали кај високо позиционирана судијка и бара интервенција за некои предмети, зашто се прави обид тоа да се покрие со тврдењето дека влијателниот новинар ги загубил тие предмети. Можеби ургирањето не било доволно „силно“?! На тоа, од никаде и без новинарска причина, се „накалемува“ семејниот и професионалниот бекграунд на еден од адвокатите на опозицискиот челник?!

 

„ЛЕПЕЊЕ“ ТВРДЕЊА КАКО ОБИЧНИ ПЛАКАТИ

Впечатокот дека имаме едноставно „лепење“ тврдења како обични плакати се должи и на нивната неаргументираност. Нема ама баш какви било легитимни и посочени извори. Се споменуваат граѓани, а нив ги нема, се споменуваат експерти, а нив ги нема. Содржајноста, исто така, е сериозно начната, не само поради спинувањето факти, туку и поради површноста, верувам намерна, во делот на верзиите на приказната за кои новинарски е да се постават прашања, како, на пример, кој ги направил, ги складирал и секако ги емитувал следените средби на лидерот на Обединети за Македонија. Бил ли тој под посебни истражни мерки, имало ли налог? – Нема одговор. Ама, затоа, пак, има одговор, ако некој воопшто и се двоуми, за тоа дали има пристрасност. Застапена е и тоа (пре)многу. Објективниот и балансираниот пристап, според прикажаното, воопшто и не бил планиран. Доказ: коментар 1:

„Полека но сигурно почнува да се руши сценариото на СДСМ и Зоран Заев за нанесување штета врз државата. Обидот со креирани материјали обезбедени од странски тајни служби да се обезбеди простор за власт без избори не поминува кај граѓаните…“

Доказ: коментар 2:

„Јавноста со право коментира дека Заев станува смешен и патетичен и не му верува никој освен најблискиот круг на соработници и луѓето од СОРОС кои всушност се и платени за да му веруваат.“

Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот – член 13 од Кодексот на новинари.

Насловот „би поминал“ ако станува збор за колумна. Но, во извештај апсолутно е неприфатлив зашто не само што нема реална информативна компонента, туку не е поткрепен со ништо – непостоечки граѓани и експерти не се бројат.

Конечно, без многу заобиколување, имаме своевидна сарма од текст кој ниту во сон не може да се нарече вистинско новинарско четиво кое во некаква слична форма се појави и на други медиуми.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВистинитост

извртени факти

не може да се утврди точноста на наводите

неверодостојни наводи

infoVistinitostИзвори на информации

нема евидентирани извори

infoVistinitostСодржајност

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПристрасност

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКоментирање

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПлагијат

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКвалитет на насловот

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФотографија

има

соодветна

ни манипулира ни информира – ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГовор на омраза

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУреден за веб

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Коментари

Коментарите ќе бидат модерирани според правилата за коментирање и нема да се толерираат навреди, клевети или говор на омраза.

Одговори