КАНАЛ-5-Телевизија-http_kanal5com_mk_vesti_detailasp_ID62373-crop-resize

 

Основната задача на новинарите е да ја почитуваат вистината и правото на јавноста да биде информирана во согласност со член 16 од Уставот на Република Македонија.

Почитувајќи ги етичките вредности и професионалните стандарди во пренесувањето на информациите, новинарите ќе бидат чесни, објективни и точни.

Право и должност на новинарите е да настојуваат да ја спречат цензурата и искривувањето на вестите.

Токму овие главни принципи, утврдени во Преамбулата на новинарскиот Кодекс и на кои треба да се темели новинарската професија, целосно затаиле во веста што ја рецензираме. Овој материјал има цел да ја скрие „шлаканицата“ од Брисел. Па, тргнувајќи од таа идеја, наместо да ја пренесе информацијата дека „претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер ја откажал средбата со премиерот Никола Груевски, закажана за в четврок (26.02.2015)“,   на јавноста ѝ соопштува дека средбата била одложена по „заедничка проценка на двете страни“!  Со ваквата, само навидум, мала „козметичка“ интервенција, се прави суштинска повреда на вистината и се изместува тежиштето на пораката од Брисел.

КАНАЛ 5 - Телевизија - http___kanal5.com.mk_vesti_detail.asp_ID=62373Линк до оригиналниот напис: Заеднички договорено да се остави повеќе простор  за подготовка на средбата Јункер – Груевски

Датум и време на објавување: 23.02.2015,  17:11

Датум на рецензирање: 24.02.2015

Рецензент: Оливера Војновска

 

ИЗВИТОПЕРЕНА ВЕСТ

Станува збор за целосно преземен материјал (заедно со насловот) од  државната информативна агенција и објавен без никаква новинарска доработка, а кој на гледачите им подметнува невистинита информација.

Оваа вест се темели само на изјава на владиниот портпарол, според кој, средбата Груевски–Јункер (која беше најавена минатиот петок, 20 февруари 2015 година, од портпаролот на ЕК на редовна прес-конференција, а беше ставена и на дневниот распоред за 26 февруари), е откажана по заеднички договор.

Но, тоа е само едната страна на приказната.

Во текстот воопшто не се споменува дека портпаролот на Европската комисија, Мина Андреева, на прес-конференција  во Брисел информираше дека претседателот на Европската комисија, кој доаѓа од сестринските народни партии, ја откажал оваа прва средба со македонскиот премиер.

Според Андреева :

„во моментов не е соодветно да има средба поради развојот на ситуацијата во Македонија“.

Не е за верување дека не се знаело за „изненадувањето“ од Брисел кое стаса претходно во текот на денот. Како што не е тешко да се претпостави зошто во написот го има само објаснувањето од Владата. И, зошто уште во насловот се прави спинерска конструкција со која веста се става на браникот на одбрана на власта – премиерот.

Несомнено, мотивите за извитоперувањето на правата информација не се новинарски, туку  политички. Од друга страна, ваквиот непрофесионален пристап во пласирањето на веста изгледа дури смешен, па наиде и на потсмев на социјалните мрежи. Бидејќи, и покрај обидите за креирање виртуелна реалност, „ студениот туш“ од Брисел не можеше да се затаи. Лошата вест, сепак, стаса до македонската јавност.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВистинитост

има факти

делумно

делумно

infoVistinitostИзвори на информации

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСодржајност

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПристрасност

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКоментирање

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПлагијат

целосна копија

наведен извор без линк

infoVistinitostКвалитет на насловот

дезинформира

некреативен

несензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФотографија

има

соодветна

ни манипулира ни информира – ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГовор на омраза

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУреден за веб

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Коментари

Коментарите ќе бидат модерирани според правилата за коментирање и нема да се толерираат навреди, клевети или говор на омраза.

Одговори