02242015-iNFOMAX-Nuland-crop-resize

(Рецензија: (Скандал) Откриваме: Американски новинар и воен офицер открива кој стои позади пучот во Македонија!)

Колку и да е атрактивна за медиумите, блиски до политиките на актуелната власт кај нас, оваа информација се појави само во два-три крајно нерелевантни интернет портали. Тоа, од една страна потврдува дека поголем број од медиумите препознале сомнителна содржина, автор и медиуми од каде што е преземена оваа приказна (за мали деца).

Како и да е, за да не остане без проверка, следува оваа рецензија за која сметаме дека имаме доволно аргументи за да ги потврдиме нашите оценки.

Прочитај повеќе

Веројатно една од највредните алатки на Гугл - Google Analytics ви кажува колку посети и посетители сте имале на Вашиот веб сајт. Фото: Blue Fountain Media, 2012
Веројатно една од највредните алатки на „Гугл“ – Google Analytics ви кажува колку посети и посетители сте имале на Вашата веб-страница. Фото: Blue Fountain Media, 2012

 

Дигиталните алатки и платформи се сега составен дел од работата на поголемиот дел од новинарите во современиот свет. Сепак, многумина сè уште не знаат како да ги користат напредните техники за пребарување на „Гугл“ за да си го олеснат секојдневното работење, смета Ден Раселписател, аналитичар и истражувач на „Гугл“.

 

Пишува: Ана Анастасовска

 

Расел нуди неколку совети за напредни техники за пребарување, кои ќе им помогнат на новинарите во нивното истражување, споделување вести и верификација, а кои ги пренесува веб-страницата journalism.com.uk.

 

Прочитај повеќе

 

Firefox_Screenshot_2015-02-22T22-28-19.464Z-crop-resize

 

Селективност, селективност, селективност, селективност… Прочитај повеќе

Овој напис го има и на: АлбанскиVMRO prifakjaparlamentarna razvrska - 0987-098-crop-resize

 

Употребата на анонимни „дојави“ останува класика за тоа како овде се набљудуваат релациите меѓу двете најголеми партии. Дури и во атмосфера на максимална политичка борба, кога барем едната страна не е заинтересирана да остане анонимна. Проблемот на овој начин на приоѓање на анализите е што дури и кога некои навистина информирани извори даваат податоци за новинарот (новинарката), ние веќе стануваме скептични. Впрочем, таквото информирање може да е инцидентно, а не да станува атрибут на „брендот“ во новинарството.

Во текстот е проблематичен насловот кој не ја одразува суштината на одговорите, но затоа ја спинува јавноста.

>!–more–>

VMRO prifakjaparlamentarna razvrska - 0987-098Линкуван наслов на анализираниот напис: ВМРО ДПМНЕ прифаќа, СДСМ не знае дали е за парламентарна разврска

Датум и време на објавување: 19.02.2015, 17:26

Датум на рецензирање: 22.02.2015

Рецензент: Љубомир Костовски

„Од партијата на Зоран Заев не дадоа мислење ниту за тоа дали предлогот, всушност, индиректно значи и можно враќање на опозицијата во парламентот и оттаму продолжувањето на дијалогот преку учеството во комисијата. Иако втор пат испративме имејл во кој инсистиравме на конкретен одговор за комисијата, до затворањето на весникот до СДСМ не добивме став за предлогот на еврокомесарот.“

Се прави обид да се прашаат двете најголеми партии дали би ја прифатиле идејата на еврокомесарот Хан за формирање анкетна комисија. Се вели дека во СДСМ не знаат дали се за тој предлог иако излегува дека оттаму е добиен одговор кој значи дека најпрвин треба да се исполнат барањата на ЕУ до земјава во областа на политиката, правосудството и слободата на медиумите, па потоа може да се разговара за сè. Инсистирањето на „дообјаснување“ е, се чини, излишно, па така и заклучиле во СДСМ.

Проблемот е што насловот сугерира дека владејачката партија е за овој предлог. Ама, ако внимателно го прочитате тој текст, па и неколкупати,  никаде не стои дека тоа е став на ДПМНЕ! Имено, таму токму велат дека „немаат официјален став“. Како немањето став станува – позитивен, веројатно знае оној кој го потпишал текстот, ама тоа е по малку худиниевско искуство. Но, постоел и некој неофицијален одговор кој сугерирал дека оваа партија би го прифатила тој предлог! Ама неволјата е што ниту официјалниот одговор, ако е таков каков што се дава, нема никаков јасен и препознатлив потпис! Што е тука, всушност, неофицијално? Пракитчно сè. Значи, новинарката нема ништо во рацете со што би го одбранила насловот, освен потребата да постави на страницата спин кој ќе ја направи едната партија (СДСМ ) неконструктивна, а другата (ДПМНЕ) – конструктивна.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВистинитост

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИзвори на информации

има евидентирани извори

официјални, анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

повеќестрани

infoVistinitostСодржајност

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПристрасност

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКоментирање

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПлагијат

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКвалитет на насловот

дезинформира

некреативен

несензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФотографија

има

соодветна

ни манипулира ни информира – ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГовор на омраза

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУреден за веб

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Едноставниот интерфејс на „Youtube DataViewer“.
Едноставниот интерфејс на „Youtube DataViewer

 

На прв поглед, „Јутјуб“ не го покажува времето на објавување на видео-клипови. Сепак, точното време може да се пронајде преку апликација која ги вади метаподатоците на виделина.

 

Пишува: Филип Стојановски, магистер по е-бизнис менаџмент

 

При објавување на видео-клип на сервисот „Јутјуб“, како јавно достапен податок за времето на објавување во текот на првите 24 часови е наведено само пред колку часа било објавено видеото, а потоа само на кој ден – датум без час. Ова создава практични проблеми за новинарите и граѓаните во ситуации кога сакаат да утврдат точно време  на „качување“ на дадено видео.

Прочитај повеќе

← Previous PageNext Page →