Картата на слободата на медиумите според Репортери без граници - Македонија единствена црвена точка („тешка состојба“) во Европа, западно од Турција, Украина и Белорусија. Карта: Репортери без граници, 2015
Картата на слободата на медиумите според „Репортери без граници“ – Македонија единствена црвена точка („тешка состојба“) во Европа, западно од Турција, Украина и со Белорусија. Карта: Репортери без граници, 2015

 

Ситуацијата во медиумите во Македонија продолжува да биде лоша во текот на 2014 година, која беше во знакот на злоупотреби на законските одредби за клевета и на политички мотивираното пласирање рекламни кампањи финансирани од државниот буџет, се вели во извештајот на „Репортери без граници“, кој го покрива периодот од октомври 2013 до октомври 2014 година.

 

Пишува: Југослава Дуковска

 

„Секој има право на слобода на мислење и на изразување. Ова право ја вклучува и слободата да се застапува одредено мислење без никакво вмешување и да се бараат, да се примаат и да се даваат информации и идеи преку медиумите и без оглед на границите“, Универзална декларација за човековите права, член 19.

 

Прочитај повеќе

Хантер С. Томпсон, графит на Thierry Ehrmann во музејот Abode of Chaos во Франција. Фото: Википедија, 2009
Хантер С. Томпсон, графит на Thierry Ehrmann во музејот Abode of Chaos во Франција. Фото: Википедија, 2009

 

Иако опозицијата се давеше во неможноста да влијае врз одлуките на Владата, премиерот не беше рамнодушен. Неговите движења, забрзаното дишење и нервоза, како и непријателството кое можеше да се пресече со работ на некој поквалитетен нож, откриваа дека компромис нема ниту на видик. (Гонзо-новинaрство – реална фикција, ziher.hr)

 

Можете ли да замислите да седнете да читате некој од нашите дневни весници и да наидете на ваков опис на седница од парламентот. Секако, тешко дека ќе сретнете ваков текст, но не многу одамна, ваквите извештаи и не биле толку непознати.

 

Пишува: Ана Анастасовска

 

Таков суров тип на известување, субјективен и необработен, без уреднички корекции, се вика гонзо-новинарство. Гонзо-новинарството е новинарски стил кој се пишува субјективно, често вклучувајќи го самиот известувач како дел од приказната, по пат на нарација во прво лице.

Прочитај повеќе

Цртеж од 1918 година за време на Руската граѓанска војна која го прикжаува Леонг Троцки, водачот на Црвената армија како современ Свети Ѓорѓи на комунизмот како го убива змејот на капитлаизмот со шапка и зборот „контрареволуција“ напишан на руски. Автор: Виктор Дени, СССР, 1918. Фото: Википедија, 2012
Цртеж од 1918 година за време на Руската граѓанска војна која го прикжаува Леон Троцки, водачот на Црвената армија, како современ Свети Ѓорѓи на комунизмот како го убива змејот на капитлаизмот со шапка и зборот „контрареволуција“ напишан на руски. Автор: Виктор Дени, СССР, 1918. Фото: Википедија, 2012

 

– Докторе, доаѓаат!

– Многу ли се?

– Да, многу повеќе отколку минатиот пат!

(Дијалог од реклама за проектот „Мој термин“ на Министерството за здравство на Република Македонија.)

 

Пишува: Зоран Бојаровски

 

Општо познато е дека најдобар начин за да ја уништиш економијата на една земја е да ги обезвредниш нејзините пари со пуштање во оптек на големо количество фалсификувани пари, на пример. Еден од најефективните начини да ја уништиш културната традиција на една нација е постојано да го доведуваш во прашање нејзиниот идентитет. Најдобриот начин да се обезвредни демократскиот капацитет на едно општество е да се корумпираат институциите и да се создава нов јазик, нови комуникациски и значенски кодови кои од илузијата треба да создадат нова стварност, откако граѓанството ќе го натераат да прифати дека е многу важно да помине низ политичките црвојадини (временски дупки) по кои ќе се најде во паралелниот универзум во кој црното е бело, криминалците се ангели, корупцијата и чесно одработена награда…

Прочитај повеќе

FireShot-Screen-Capture-087-Таен-документ-од-Виена-открива-дека-Австроунгарија-ги-создала-Албанците-crop-resize

 

Како и во слични текстови, не е презентирана вистина поткрепена со факти и со докази, туку површно толкување на еден дел од поновата историја на регионот. Текстот е пласиран како авторски, без потпис, а, всушност, се работи за превод на идентичен текст од српските медиуми „Курир“ („Аустроугарска створила Албанце“) и „Веб трибуне“, („Ово се крије од Срба…“), без притоа да се нагласи изворот или да се даде линк кон оригиналната верзија, со што се прекршени стандардите на професијата и се изманипулирани читателите.

Прочитај повеќе

Zaev-Hacienda-09876-098-crop-resize

 

[Рецензија: Како Заеви станаа сопственици на хациенда на Халкидики од три спрата за само 110 000 евра?]

 

По објавувањето на телефонските разговори поврзани со плацеви на Водно што профитерски ќе се продаваат одпремиерот, како што беше објавено во „бомбата“ на опозиционерот Зоран Заев од 15 март, можеше да се очекува некаква медиска контраофанзива. Сега веќе ја знаеме и накусо таа гласи – Заеви купиле хациенда во Грција.

Значи, минативе десетина денови речиси нема провладин медиум кој не го користи зборот хациенда, кој доаѓа од шпанското говорно подрачје и кој веројатно треба да асоцира на нешто големо. Идејата е, секако, да се изгради мост од тоа нешто големо кон „фактор два“ – ниска цена кој посочените, „фактор три“, во случајот, ја дале за таа хациенда, од што би следел заклучок дека некој во јужното соседство направил поткуп.

Прочитај повеќе

Next Page →