Zaev-Hacienda-09876-098-crop-resize

 

[Рецензија: Како Заеви станаа сопственици на хациенда на Халкидики од три спрата за само 110 000 евра?]

 

По објавувањето на телефонските разговори поврзани со плацеви на Водно што профитерски ќе се продаваат одпремиерот, како што беше објавено во „бомбата“ на опозиционерот Зоран Заев од 15 март, можеше да се очекува некаква медиска контраофанзива. Сега веќе ја знаеме и накусо таа гласи – Заеви купиле хациенда во Грција.

Значи, минативе десетина денови речиси нема провладин медиум кој не го користи зборот хациенда, кој доаѓа од шпанското говорно подрачје и кој веројатно треба да асоцира на нешто големо. Идејата е, секако, да се изгради мост од тоа нешто големо кон „фактор два“ – ниска цена кој посочените, „фактор три“, во случајот, ја дале за таа хациенда, од што би следел заклучок дека некој во јужното соседство направил поткуп.

Посочениот прилог е еден од оние кои евидентно ги содржат споменатите три фактори и кои ги користат да изградат слика за некакви нечесни зделки со политичките непријатели од јужното соседство. Која би била забелешката за начинот како се гради таа слика?

Zaev-Hacienda-09876-098Линкуван наслов на анализираниот напис: Како Заеви станаа сопственици на хациенда на Халкидики од три спрата за само 110 000 евра?

Датум и време на објавување: 24.03.2015 19:03:23

Датум на рецензирање: 26.03.2015

Рецензент: Љубомир Костовски

„Како Трајче и Бобан Заеви, братучеди на лидерот на СДСМ Зоран Заев купиле луксузна хациенда во Грција во Неа Мудања на Халкидики по цена која е неколку пати пониска од пазарната? Јавноста очекува одговор на прашањето кое веќе втор ден се наметнува во медиумите, на кој начин братучедите и бизнис партнери на претседателот на СДСМ во 2012 за сума од 110 000 евра станале сопственици на куќа на три спрата и двор од околу 300 метри квадратни на брегот на Егејското море.“

Да појдеме по ред.

Според англиската „Википедија“, хациенда е термин со кој се означува имот, а не куќа или двор. Односно, куќата или дворот можат да бидат само мало делче од просторот. Од говорното подрачје од каде доаѓа овој збор, вели „Википедија“, под хациенда се мисли на многу голем земјишен имот на кој се врши стопанска дејност (пасишта, плантажи, рудници). Во прилогот што го рецензираме, под овој поим влегува куќа со двор во вкупна површина од 300 квадратни метри, која ја поседува секоја втора индивидуална куќа како површина и во нашата земја. Ниту во шпанските серии кои се емитуваат кај нас, приложениот објект (на фотографијата) не би можел да илустрира дом на некој особено имотен човек или семејство! Оттаму, користењето на зборот хациенда во прилогот е, секако, само дел од спинот. Особено што тој збор се користи и во десетина други медиуми?! А да не говориме дека описот „хациенда на три спарата“ само укажува дека оној кој „го измислил“ тој опис за масовното користење заслужува само потсмев.

Во ТВ-прилогот, кој е предмет на рецензија, а кој може да се види на истиот линк, видливо е дека пред нас е некој договор на грчки, има и превод, ама нема – прецизно одредена куќа, адреса, парцела, вид на зделка (купување, користење, лизинг и што ти уште не може да е во опција), а ги нема и цената и квадратурата. За да не се запраша гледачот – па каде се суштинските елементи од договорот, одново се користи ефектот на одвлекување на вниманието и како најважен дел од документот е што грчкиот нотар го користи терминот „јазикот кој се користи во БЈРМ“. Можеби очекувале дека нотарот „ќе нè признае под уставно име“?!

И така, останавме без она што го очекувавме – дали куќата е навистина купена (колку што е познато, недвижности во Грција, наши граѓани кои немаат пасош на земја-членка на ЕУ, како што е бугарскиот, не можат да купат, туку мора да користат посредник кој куќата ја купува, а оној кој дава пари добива само договор на користење со формалниот купувач, обично на 00 години), од кого, кај кој нотар е заверен договорот, на која адреса е објектот… Елементи кои се секако битни ако фактографски се потврдуваше дека куќата од фотографијата припаѓа некому и по која основа. Особено што листањето на договорот пред камерата сугерира дека сите тие одговори можеле и да бидат сликани!

Дури и за миг да се согласиме дека цената на таа куќа била 110.000 евра, кои се тие агенции за недвижности кои на авторот на прилогот му тврдат дека куќата е платена евтино? Ако отишла екипа во Неа Мудања, како што се сака да се остави впечаток, зошто тие луѓе од агенциите не говорат пред камера, не им ја гледаме фирмата или на кој било начин не ги направиме „телевизични“, а воедно и не ги направиме – автентични?

Ако факторот еден и два во прилогот (типот на објектот и платената цена) практично излегуваат од игра, кој е тој фактор од трите што останува? Тоа е оној дека наводните купувачи се братучеди на претседателот на СДСМ, Зоран Заев. И да се – па што? Тие се бизнисмени (а и да не се) и имаат право како сите ние да купат за свои пари што сакаат. Дури, не се гледа каков е воопшто јавниот интерес да се занимаваме со роднините на лидерот на опозицијата. Како што неодамна во еден телефонски разговор рече првиот човек на ДБК, Сашо Мијалков: „Ех, колку имам јас братучеди, некои и не знам дека постојат“.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).



ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВистинитост

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИзвори на информации

нема евидентирани извори

анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСодржајност

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПристрасност

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКоментирање

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПлагијат

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКвалитет на насловот

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФотографија

има

соодветна

ни манипулира ни информира – ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГовор на омраза

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУреден за веб

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Коментари

Коментарите ќе бидат модерирани според правилата за коментирање и нема да се толерираат навреди, клевети или говор на омраза.

Одговори