cela-makedonija-gtc-odluciva-centar-09876-0987-crop-resize

 

[Рецензија: Цела Македонија плаќала за ГТЦ, само Центар ќе одлучува]

 

Во написот што е предмет на рецензија, испоровоциран од идејата на градоначалникот на Центар за спроведување референдум околу изгледот на ГТЦ, не се гледа кој е изворот на информациите за тоа како се собирале средства за ГТЦ и кои се тие субјекти што го изградиле. Постои ли некаков напис од тоа време, документи или слично? Или некој кажал нешто. Ама кој? Можеби е тоа запишано на некоја плоча, која е составен дел од објектот?

Прочитај повеќе

Zaev-stranski sluzbi-111111-09876-0987-crop-resize

 

[Рецензија: Заев јавно ја прифаќа можноста дека странска служба прислушувала]

 

Крајно неточен материјал во кој селективноста ја игра главната ролја во, филмски кажано, дело чиј режисер треба да се бара надвор од една новинарска редакција. Недозволиво политичко спинување и извлекување изјави од контекст, а сето тоа спакувано во наводно легитимно медиумско четиво. Ама не секогаш и секаде важи изјавата на главниот пропагандист од темните 1930-ти дека „илјада пати повторена лага станува вистина“.

Прочитај повеќе

03262015-Denesen-YU-bomardi-crop-resize

 

[Рецензија: Еве како НАТО ја бомбардираше Србија и убиваше деца! (ФОТО + ВИДЕО)]

 

Датумите зад кои стои одреден настан од особено значење во историјата, се добар повод за новинарска реминисценција. Временската дистанца овозможува студен, рационален пристап, без премногу емоции, иако не мора да бидат сосема исклучени, а професионалната дистанца и непристрасност на авторот му дава комодитет да напише сеопфатен новинарски текст. Ако успее да открие уште некоја, нова нијанса, во тоа, дотолку уште подобро.

Прочитај повеќе

Овој напис го има и на: АлбанскиALFA-TV-crop-resize

 

[Рецензија: Заев сака да го руши системот, Груевски возвраќа со проекти за граѓаните]

 

Ова е класичен пример на политичка пропаганда во еден текст, кој има цел да ја убеди јавноста дека опозицијата сака да ѝ нанесе штета на државата, а со тоа и на општото добро на народот, а владата, олицетворена во ликот на Никола Груевски, е претставена како Бог во кој народот го гледа единствениот спас од лошата опозиција.

Прочитај повеќе

http_netpress.com_mk_so-poslednata-crop-resize

 

[Рецензија: Со последната „бомба“ Заев го дозакопа Фиат Цаноски]

 

Текстот што го рецензираме и којшто заслужува негативна рецензија, селективно ги прикажува фактите, манипулира со нив и ја спинува вистината. Па, наместо да ја информира јавноста дека лидерот на СДСМ  на 23 март 2015година  објави неколку телефонски разговори, за кои тврди дека се меѓу премиерот и министерот за транспорт и врски и во кои, наводно, „Груевски му признава на Јанакиески дека го лажел Фијат Цаноски дека му нашле грешки во градбата“. Написот, комплетно ги извртува тезите и ја пласира приказната дека Цаноски бил тој кој признал дека имало грешки при градбата!

Прочитај повеќе

← Previous PageNext Page →