Денот потоа

Објавено во: Анализи | Коментирај | Читања 327

Нова зора, нов ден. Скопје, Влае во 6 ќасот наутро. Фото: Arangel Angov
Нова зора, нов ден. Изгревот на сонцето во Скопје, населба Влае. Фото: Arangel Angov

 

Прво се мислеше дека жестокиот притисок врз македонските новинари и медиуми е резултат на несреќниот спој на една „настината“ личност која дошла во контакт со неограничената моќ во државата. Но, со тек на време, во изминатите три-четири години, се разоткри дека „настинката“ од која боледува власта има заразен облик, со метастази по целото тело на македонскиот медиумски систем

 

Пишува: Сашо Орданоски, експерт за комуникациски науки

Прочитај повеќе

Фото: CC BY-SA HonestReporting.com, 2011
Фото: CC BY-SA HonestReporting.com, 2011

 

Саморегулацијата е систем на правила што ги воспоставуваат медиумите за да го заштитат сопствениот бизнис и да стекнат поголема доверба кај јавноста. Суштината на медиумскиот бизнис лежи во информациите, т.е. испорачување на вистина преку вистинито, објективно и целосно информирање на јавноста и сето тоа сторено со почитување на етичките правила. На тој начин, со саморегулацијата се штитат и универзалните човекови права – слобода на изразување и право на информирање (слободни и професионални медиуми)

 

Пишува: Теофил Блажевски*

 

Слободата на изразувањето, вклучувајќи ја тука и слободата на медиумите како четврта власт во демократските општества, се едно од универзалните човекови права и како такви се признати и заштитени со соодветни документи од највисоките меѓународни организации (види тука на стр.7). Денес не постои општество што може да се смета за демократско доколку се соочува со поплаки за неслободни медиуми или страв од јавно изразување на мислења и на ставови. Оттука, темата за начините и за средствата за заштита на овие универзални слободи и права е исклучително важна тема за јавна дебата во сите современи општества.

Прочитај повеќе

Organska-Hrana-Tockacom-crop-resize

 

[Рецензија: Анастасија Ашкилова: Пиејќи сребрена вода, 3 годишно девојче од тешко болно до сосема здраво за само неколку дена]

 

Органската храна и производите кои прават чуда за здравјето на луѓето, секако се едни од најчитаните текстови на интернет-порталите. И тука нема ништо спорно и чудно зашто секој од нас сакa да дознае нешто повеќе за едно од тие „чудо-производи“ кои можат да ни помогнат во секојдневниот живот или да нè излекуваат од некоја тешка болест. Сепак, новинарите што се занимаваат со овој вид текстови, не само што не се ослободени, туку се должни најмалку тројно да ги проверат тврдењата што ги пласираат, зашто последиците од неточни „факти“ може да бидат опасни по здравјето и по животот на луѓето.

Прочитај повеќе

Firefox_Screenshot_2015-04-27T21-45-20.522Z-crop-resize

 

[Рецензија: Новинарската фабрика на СДСМ работи во три смени!?]

 

Некоректен текст, не само кон одредени поединци новинари, туку и кон целата бранша. Злоупотребен е, во најмала рака, морбиден настан и од тоа е направена приказна која служи само за партиско-политички цели што ќе се потврди два дена по објавувањето на овој текст. Написот содржи сериозни омаловажувања и конструкции, за кои не се понудени издржани аргументи. На сето тоа, залепен е тенденциозен наслов и добиен е своевиден новинарски „катиљ-ферман“.

Прочитај повеќе

Блискоста со моќниците предизвикува и медиумска корупција. Фото: колаж СПФМ
Блискоста со моќниците предизвикува и медиумска корупција. Фото: колаж СПФМ

 

„Една од најчудните појави е нашето залажување дека од зависните луѓе можеме да очекуваме независно мислење“. (Sigmund Graff)

 

Пишува: Оливера Војновска

 

Колку ли само треба да се биде надвор од реалноста за да се каже  дека со 1.500 евра месечно едвај се преживува „како мечка во пештера“!  Ваквиот изблик  претставува врв на aрoгaнција, дрскот, па и беозбразие. Особено, ако се имаат на ум македонските услови.

Во оваа прикаска новинарството, всушност, е колатералната жртва.  Картите  се така наместени што некој избрал еден профитабилен пат од новинарството да направи бизнис, и тоа, на тој начин што ќе го опустоши, обезличи. Во таа мисија, провизијата се издига на ниво на најважен критериум и на главен „професионален“ стандард во новинарството.

 

Прочитај повеќе

Next Page →