Новинарски „катиљ-ферман“

Објавено во: Рецензии  | Читања

50

Firefox_Screenshot_2015-04-27T21-45-20.522Z-crop-resize

 

[Рецензија: Новинарската фабрика на СДСМ работи во три смени!?]

 

Некоректен текст, не само кон одредени поединци новинари, туку и кон целата бранша. Злоупотребен е, во најмала рака, морбиден настан и од тоа е направена приказна која служи само за партиско-политички цели што ќе се потврди два дена по објавувањето на овој текст. Написот содржи сериозни омаловажувања и конструкции, за кои не се понудени издржани аргументи. На сето тоа, залепен е тенденциозен наслов и добиен е своевиден новинарски „катиљ-ферман“.

Firefox_Screenshot_2015-04-27T21-45-20.522ZЛинк до оригиналниот напис: Новинарската фабрика на СДСМ работи во три смени!?

Датум и време на објавување: 23.04.2015

Датум на рецензирање: 27.04.2015

Рецензент: Владимир Мирчески

 

ПОЛИТИЧКИ, НЕ НОВИНАРСКИ МОТИВИ

Интересно, формулациите во овој текст неофицијално го навестуваат ставот на власта што два дена подоцна и официјално ќе го потврди самиот премиер – дека случката со посмртниот венец доставен до семејниот дом на новинар – критичар на Владата е негова и местенка на опозицијата. Ха, кажете какво визионерство!? – Или можеби е „допрен глас“ од некој штаб за, преку медиумско писание, да се натапка теренот во пресрет на охридскиот настап на лидерот на владејачката партија за своевидно „злосторничко здружување“ новинари-опозиција-Сорос? Ваквиот пристап на текстот јасно открива политички, а не новинарски мотиви за негово објавување. За мене лично, тврдење дека некој самиот ќе си прати посмртен венец на сопствена адреса за тој да ѝ се врачи на сопругата, во присуство на децата, а сѐ за политички цели, е толку бесмислено и, искрено, одвратно, што не можам и да замислам како некој со трошка професионален исаф можел тоа да го стави во напис објавен на домашен мејнстрим-медиум, без притоа да даде саглам докази кои барем донекаде би ја аргументирале тезата за таквото болно сценарио. Има ли извори? Не, е одговорот! Се користат фразите „многумина“, а кои се тие не знаеме. Значи, не само што нема некој „машки“ да излезе и да каже „да, мислам дека станува збор за одглумен случај“, или официјално полицијата тоа да го потврди, туку ги нема ниту редовните „анонимни извори“, „соговорници“. Извините, ама врз тоа дека „многумина препознаваат смислено сценарио“ како читател не можам да поверувам.

Ајде ако тоа не беше доволно, во текстот се пласира дека веќе „наредниот ден група новинари побрзале вината да ја лоцираат во владата“, но, всушност, новинарите протестираа и бараа Владата и институциите, како надлежни, да ги санкционираат ваквите појави и воедно и да ги спречат.

Понатамошниот тек на приказната е навистина сценарио, ама мене ми наликува дека е со премногу филмски елементи. Се мешаат и баби и жаби, верувам намерно, па се оди од минати слични случки со венци, преку новинарскиот протест пред Владата, па кој со кого бил близок, за конечно да се дојде и до тоа дека некои новинари имале фирми. Класична кармакаша. Обичниот читател, верувам, не ќе може да ги пофаќа конците и по неколку читања на текстот. Секако, финишот е во голем стил – повторно се враќа филмот за т.н случај „Фабрика“, стар речиси десет години од времето кога сегашната опозиција е на власт. Да, точно е дека тогаш тоа беше сериозна афера. Но, ние не зборуваме за тоа каква е сегашната ситуација со медиумите, а само треба да се видат релевантните извештаи, туку го вртиме филмот назад и потсетуваме за нешто што треба да ја аргументира тезата дека самиот новинар, опозицијата и фамозната „Сорос-фондација“ се одговорни за посмртниот венец. Ајде, да не беше жално, ќе беше смешно.

 

ОДНОВО „БРЕНДИРАЊЕ“ НА НЕИСТОМИСЛЕНИЦИТЕ

Уште нешто што не треба да се изгуби од вид е обидот по секоја цена да се стави знак на равенство меѓу СДСМ и новинарот – жртва на настанот и дел од неговите колеги вработени во други медиуми, а кои воопшто не ѝ се по мерак на владејачката партија. Што е ова ако не најобично етикетирање и диригирано „спружување на насловна“ – метод со кој партијата се служи за брендирање на неистомислениците. Затоа, не треба да се трошат многу зборови за да се истакне дека пристрасноста е исклучително висока, туку само треба да се презентираат примери:

„Истиот ден лидерот на СДСМ Зоран Заев објавува таканаречена бомба за состојбата во медиумите. Многумина во повеќе од чудната коинциденција на овие настани препознаваат морбидно сценарио смислено од социјалдемократите. Ден пред објавата на таканаречената бомба за медиумите да се привлече вниманието на јавноста и да се создаде терен за пласирање на нивните ставови за состојбата во медиумите. Се сакаше ли со ова да се направи беспотребна фама за вниманието да се насочи кон прес-конференциите на најголемата опозициска партија.“

Доволно кажано за необјективноста. Ако мене некој ме прашува, овој материјал навистина е создавање терен, ама за говорот на премиерот. Оттука, се согласувам со тоа дека „Долга е раката на партијата“, особено како во овој случај се користи со продолжена медиумска маша.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).



ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВистинитост

тешко дека ќе се најдат

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИзвори на информации

нема евидентирани извори

анонимни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСодржајност

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПристрасност

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКоментирање

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПлагијат

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКвалитет на насловот

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФотографија

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГовор на омраза

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУреден за веб

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Коментари

Коментарите ќе бидат модерирани според правилата за коментирање и нема да се толерираат навреди, клевети или говор на омраза.

Одговори