Заштитникот светец и авторот на „Чудата на Свети Димитрија“, хроника, која ги опишува опсадите на Словените на Солун (лево), денешниот изглед на Црквата Свети Димитрија во Солун, која потекнува од 4 век (долу лево), Кирил и Методиј (десно), Повелбата на Кулин банк, прв документ од овој вид на словенски јазик (долу десно). Фото: Википедија, колаж: СПФМ
Заштитникот светец и авторот на „Чудата на Свети Димитрија“, хроника, која ги опишува опсадите на Словените на Солун (лево), денешниот изглед на црквата „Свети Димитрија“ во Солун, која потекнува од 4 век (долу лево), Кирил и Методиј (десно), Повелбата на Кулин бан, прв документ од овој вид на словенски јазик (долу десно). Фото: Википедија, колаж: СПФМ

 

„Во реалниот свет, вистинските работи никогаш не се случуваат на вистинското место во вистинско време. Работа е на новинарите и на историчарите да направат тоа да изгледа така“.

Марк Твен, американски писател и новинар

 

Пишува: Југослава Дуковска

 

Новинарска лекција: Антиквизациски игри со историјата: Црвен картон за Старите СловениПишувајќи неодамна за случај во кој еден нискотиражен дневен весник во Турција, „Јени шафак“ (Yeni Şafak), без докази и непоткрепено со историски факти и исфабрикувани фотошопирани докази го обвини покојниот турски претседател, Исмет Инону (1884-1973), дека го отрул и на тој начин елиминирал својот славен претходник и татко на современа Турција, Кемал Ататурк, колумнистот на весникот „Хуриет“ (Hürriyet), Ѓувен Сак вели: „Зошто воопшто еден новинар би го направил тоа? Па, за почеток, сосема е безбедно. Сите протагонисти се мртви па никој не може да се жали или да му се јавува на твојот уредник или да те нарече терорист или да те тужи и пикне во затвор“. Во конкретниов случај, за оваа своја теза новинарот на „Јени шафак“ барем го испочитувал новинарското правило за кредибилен извор, па консултирал историчар, кој, пак, умрел од смеење, нарекувајќи ја тезата идиотска. Коментар на новинарот бил „историчаров очигледно не можел да се справи со тежината на доказите што му ги презентирав“. Прочитај повеќе

Едврард Сноуден и Џон Оливер во текто на интервјуто во шоуто Last Week Tonight. Фото: HBO. Колаж: СПФМ
Едврард Сноуден и Џон Оливер во текот на интервјуто во шоуто Last Week Tonight. Фото: HBO. Колаж: СПФМ

 

Целиот, крајно сериозен случај „Сноуден и НСА“, за безбедноста на САД и за приватноста на огромен број граѓани, водителот на вечерното шоу Џон Оливер, го доведе до апсурд за да ја покаже немоќта на народот и на институциите да ги контролираат тајните служби. Џон Оливер употреби една класична новинарска форма – интервју и го стави во одежда на иронијата, сатирата и на апсурдот за да го докаже тоа. И успеа. Тоа е новинарство со големо Н.

 

Пишува: Зоран Бојаровски

 

Дали воопшто ги знаеме капацитетите и опсегот и длабочината на пенетрацијата на тајната служба во масовната операција прислушување која веќе два и пол месеци опозицијата ја обзнанува во форма на познатите „бомба прес-конференции“?

Прочитај повеќе

Бајачки, гатачи, митски суштества, ѕвезди, симболи и слични глупости - ништо не помага пред налетот на реланоста. Фото: Фликр и портали. Колаж: СПФМ
Бајачки, гатачи, митски суштества, ѕвезди, симболи и слични глупости – ништо не помага пред налетот на реaлноста. Фото: Фликр и портали. Колаж: СПФМ

 

Историјата е полна со податоци дека претседатели и премиери на моќни држави користеле совети од бајачи, астролози, гатачи или јасновидци за да ја донесат „вистинската“ одлука. Оваа практика не е непозната и кај нас, но и кај нашите соседи. Ваквата „пракса“ сега се пренесува и на македонското новинарство кога се „известува“.

 

Пишува: Ана Анастасовска

 

Најсвежата приказна доаѓа од Србија. Српските медиуми во август 2013 година објавија дека поранешниот претседател на Србија, Борис Тадиќ, консултирал гатачка при донесувањето на сите важни политички одлуки. Оваа тајна на Тадиќ на јавноста ѝ ја откри сега веќе починатиот генерален директор на српската национална телевизија, Александар Тијаниќ.

Прочитај повеќе

Овој напис го има и на: АлбанскиCovekot nastanal vo Makedonija ne vo Afrika - 001 - crop-resize

 

Излезе Македонија најголемо царство било кога што постоело, прва цивилизација, а Грција мора да признае… дека и самиот Господ од Македонија го создавал светот и човекот и животните“. Ова е само еден од коментарите на социјалните мрежи во регионот, по пренесувањето на веста од нашите медиуми дека човекот е создаден во Македонија (на пример, овде), што служи за масовна подбишега. И не е пријатна и за нашата наука, а секако и за медиумите кои малку би требало да ѕирнат во првиот прирачник за темата пред да пренесат сензации од најлош вид.

Прочитај повеќе

Овој напис го има и на: АлбанскиФОТО-Близок-човек-на-Стојанче-Ангелов-Прилеп-Press24-crop-resize

 

[Рецензија: ФОТО: Близок човек на Стојанче Ангелов ја демолирал зградата на општина Прилеп]

 

Овој текст има цел на еден инцидент да му даде политичка конотација и при тоа да го поврзе со лидерот на Достоинство, Стојанче Ангелов, дискредитирајќи го како политичка личност. Написот е политички мотивиран, тенденциозен и не го задоволува минималното ниво на сеопфатност.

Прочитај повеќе

← Previous PageNext Page →