Посетите на Иванов: Азербејџан, Турција, Русија - исток, исток и пак исток. Фото: претседател на РМ
Посетите на Иванов: Азербејџан, Турција, Русија – исток, исток и пак исток. Фото: претседател на РМ

 

 

Шефот на државата, Ѓорѓе Иванов, последното интервју го дал за весникот „Дневник“ во август 2014 година, преку кое порачал: „Кога ќе влезете во туѓа игра, не излегувате лесно“. Во оваа, 2015 година, пак, не е спомнат во ниту еден медиум. Ова го покажуваат информациите на неговата официјална веб-страница во делот кој е посветен на медиумите. 

 

Пишува: Ана Анастасовска

Прочитај повеќе

FireShot-Screen-Capture-100-Не-е-до-песната-во-прашање-е-нешто-друго-crop-resize

 

[Рецензија: Не е до песната, во прашање е нешто друго: Еве зошто Шведска победи на Евросонг]

 

Текстот нема никаква друга цел, освен со една горка пилула да ни ја расипе посластицата и убавото доживување од годинашната „Евровизија“ и победничката песма на Манса Зермерлев „Херои“. Непотпишаниот автор параноично, со конструкции и со измислици, во целата манифестација гледа некаков светски заговор на „декадентниот Запад“ против источното христијанство. И тоа, „срам да им е“, баш на Духовден (според Католичкиот календар). Се одлучува за тривијалност и за сензационализам како средство за манипулација со читателите.

Прочитај повеќе

Лицето на национал-шовинизмот - лажни графити од измислен автор. Фото: скриншот
Лицето на циничниот национал-шовинизам: ист центар ги пишува графитите, им измислува лажен автор и лажна приказна за да му наштети на политички противник. Фото: скриншот

 

Од центарот на владејачката партија, од каде се оркестрираат кампањи против политичките конкуренти, излезе дека мора да научат нешто и од граматиката на албанскиот јазик. Или да најдат барем еден пријател Албанец. А, треба нешто и да повторат околу природата на социјалните мрежи

 

 

Пишува: Љубомир Костовски

Прочитај повеќе

Овој напис го има и на: Албанскиaaaaaa-098765-098090-crop-resize

 

[Рецензија: Зошто ,,црпнатиот“ од Муртино, осомничениот З.З. почна да се крие од истрагата за Пуч?]

 

Дека нема дно во опаѓачкиот тренд на елементарна култура во дел од домашните медиуми се докажува со овој материјал. Преку уличарски речник, непримерен дури ни во муабет со пиво пред „кооперација“, се пласира информација за сериозен настан. Нејасно е која била причината за таквиот пристап. Можеби само за да се омаловажува лидерот на опозицијата.

Прочитај повеќе

05292015-Kanal5-Stratosfera-crop-resize

 

[Рецензија: Ќе се истражува дали постои вонземски живот во стратосферата над Македонија]

 

Во потрагата по атрактивна, ексклузивна сторија, понекогаш медиумите ги испуштаат од раце критриумите за тоа што е вредно да биде вест, дали нешто е од јавен интерес или не. Многу често се случува и тоа новинарот да биде повлечен од инерцијата на настаните што ги организираат лицата со јавни функции и, како по правило, да прават вести од секој настан, средба, состанок на градоначалникот, министерот, претседателот…

На советниците за медиуми на овие јавни личности им е битно да наредат уште еден медиумски афирмиран настан на нивните шефови и тие помалку се грижат за релевантноста на тој настан. Но, дали новинарите треба да им подлегнат на настојчивите советници за односи со јавноста?

Секако, не. Тие треба да се водат од вредностите според кои еден настан има во себе потенцијал да изроди медиумска содржина.

Прочитај повеќе

Next Page →