Овој напис го има и на: Албанскиaaaaaa-098765-098090-crop-resize

 

[Рецензија: Зошто ,,црпнатиот“ од Муртино, осомничениот З.З. почна да се крие од истрагата за Пуч?]

 

Дека нема дно во опаѓачкиот тренд на елементарна култура во дел од домашните медиуми се докажува со овој материјал. Преку уличарски речник, непримерен дури ни во муабет со пиво пред „кооперација“, се пласира информација за сериозен настан. Нејасно е која била причината за таквиот пристап. Можеби само за да се омаловажува лидерот на опозицијата.

aaaaaaЛинк до оригиналниот напис: Зошто ,,црпнатиот“ од Муртино, осомничениот З.З. почна да се крие од истрагата за Пуч?

Датум и време на објавување: 27.05.2015

Датум на рецензирање: 29.05.2015

Рецензент: Владимир Мирчески

Впечатокот од читањето на овој текст е дека примарната цел била да се навредува претседателот на СДСМ, а не коректно и професионално да се информира јавноста за настанот во кој тој е директно инволвиран. Значи, наместо низ десетината редови да се пласира едноставна вест дека З.З. не се појавил во обвинителството за да даде изјава за случајот „Пуч“, имаме кусо написче со недоличен вокабулар кое, секако, во нормална држава, воопшто не би било објавено во некој медиум, а камоли да се претставува како легитимно новинарско четиво. Во ред, лидерот на опозицијата не се појавил пред обвинителот. Но, дали таквиот негов потег, за кој во материјалот немаме одговор зошто го презел, заслужува канонада од лични дисквалификации и омаловажувања? Апсолутно не. Со ништо не може да се оправдаат формулациите: „Зошто ,,црпнатиот“ од Муртино, осомничениот З.З. почна да се крие од истрагата за Пуч?“. Па, ајде, луѓе, дајте да се задржи некакво ниво на комуникација во медиумите. Ако ништо друго, на тоа нè обврзува Кодексот на новинари:

Новинарот мора да ја негува културата на говорот и етиката. Неспојливо со новинарската професија е непримерната комуникација со јавноста – член 15

Новинарот ќе ги чува угледот и достоинството на својата професија, ќе ги поттикнува заемната солидарност и различност на ставовите и нема да го употреби својот медиум за пресметка со личности… – член 16.

Насловната конструкција не само што е неприфатлива од „стилска“ гледна точка, ако за стил во овој случај воопшто и може да се зборува, туку и од суштински аспект – на читателите им се пласира прашање, а не одговор. Зошто? Затоа што имаме нула ангажираност во написов кој е само преземен и „надграден“ со ниски фрази, кои, чинам, ги иницираше личност позната, исто така, по непримерниот јавен речник и по нескриената љубов кон владејачката гарнитура.

За крај, само би рекол дека станува збор за плукачко четиво кое не би го препорачал ниту за еntrée на маалското мени за политичка расправа пред гранапче.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).



ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВистинитост

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИзвори на информации

нема евидентирани извори

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСодржајност

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПристрасност

делумно прикажува вистина

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКоментирање

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПлагијат

копија со свои „стилски“ изразни средства

ненаведен автор

infoVistinitostКвалитет на насловот

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФотографија

има

ни манипулира ни информира – ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГовор на омраза

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУреден за веб

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Коментари

Коментарите ќе бидат модерирани според правилата за коментирање и нема да се толерираат навреди, клевети или говор на омраза.

Одговори