Сперма во вселената

Објавено во: Рецензии  | Читања

78

05292015-Kanal5-Stratosfera-crop-resize

 

[Рецензија: Ќе се истражува дали постои вонземски живот во стратосферата над Македонија]

 

Во потрагата по атрактивна, ексклузивна сторија, понекогаш медиумите ги испуштаат од раце критриумите за тоа што е вредно да биде вест, дали нешто е од јавен интерес или не. Многу често се случува и тоа новинарот да биде повлечен од инерцијата на настаните што ги организираат лицата со јавни функции и, како по правило, да прават вести од секој настан, средба, состанок на градоначалникот, министерот, претседателот…

На советниците за медиуми на овие јавни личности им е битно да наредат уште еден медиумски афирмиран настан на нивните шефови и тие помалку се грижат за релевантноста на тој настан. Но, дали новинарите треба да им подлегнат на настојчивите советници за односи со јавноста?

Секако, не. Тие треба да се водат од вредностите според кои еден настан има во себе потенцијал да изроди медиумска содржина.

05292015-Kanal5-StratosferaЛинк до оригиналниот напис: Ќе се истражува дали постои вонземски живот во стратосферата над Македонија

Датум и време на објавување: 26.05.2015

Датум на рецензирање: 29.05.2015

Рецензент: Зоран Бојаровски

Во критериумите за избор на медиумски вредна информација спаѓа и оној кој обезбедува вест ако информацијата во себе содржи некоја необичност. Во веста што ја рецензираме, да бидеме искрени, има нешто такво – научник што тврди дека во стратосферата има вонземски живот во микроформи. Интересно, нели?

Но, вториот чекор што еден новинар треба да го направи е да просурфа малку и да најде дополнителни информации за овој научник. Мора да се согласиме дека градоначалникот на една општина не е авторитет што ќе биде доволен да земеме здраво за готово што ни вели еден астробиолог. Освен, ако и тој прв човек на општината, не е потврден со импакт-фактор дека е авторитетен астробиолог на привремена работа како градоначалник.

Значи, градоначалникот може да прими кого сака. Неговиот советник за медиуми може да ги покани новинарите, но дали тие од тоа ќе направат ваква вест е сериозна дилема.

Дилемата може да се реши, рековме, со еден кус преглед на интернет. Ако тоа беше направено, авторот на оваа медиумска содржина и уредникот ќе дојдеа до податоци со кои се тврди дека оваа хипотеза за вонземски микроживот во стратосферата е, најблаго кажано, контроверзна.

Угостениот научник во Велес тврди дека тие вонземските микроорганизми во стартосферата се резултат на директната панспермија, односно дека некое суперинтелигентно суштество или цивилизација во бескрајниот униезрум ја посеменил вселената со сперма…

Занимливо, но мора да признаеме и – забегано. И токму во таква рубрика во светот ги ставаат овие вести: „Хафингтон пост“ приказната за теоријата за панспермија што ја застапува научникот од Велика Британија, гостин на велешкиот градоначалник, ја става во рубриката „Чудни вести“ (Weird News). Токму таму каде што и припаѓа.

И уште нешто, зошто стратосферата над Македонија би се разликувала од онаа над Мадагаскар или над Камчатка?


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).



ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВистинитост

Да, ако се однесуваат на средбата

Да, ако се однесуваат на средбата

Да, ако се однесуваат на средбата

infoVistinitostИзвори на информации

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСодржајност

несеопфатнo

Не, ако се однесуваат на средбата

infoVistinitostПристрасност

Да, ако се однесуваат на средбата

нема извртување на вистина (спин)

Не, ако се мисли на средбата

не аплиактивно

infoVistinitostКоментирање

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПлагијат

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКвалитет на насловот

информира

некреативен

сензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФотографија

има

соодветна

ни манипулира ни информира – ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГовор на омраза

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУреден за веб

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Коментари

Коментарите ќе бидат модерирани според правилата за коментирање и нема да се толерираат навреди, клевети или говор на омраза.

Одговори