Повторно-на-виделина-исцелителните-моќи-на-Лесновскиот-манастир-crop-resize

 

Вестите поврзани со натприродното и мистичното отсекогаш биле атрактивни, како за медиумите така и за нивната публика. Новинарите многу често објавуваат вакви и слични приказни за некакви чуда. Прашањето е дали новинарите имаат соодветна стручна подготвеност за ваквите прашања и дали токму нивното непознавање е причина за сензационализирањето на ваквите вести, а сè тоа за да се привлече што поголема читаност. Но, колку „чудата“ за кои се пишува се вистинити, никој не може да докаже.

Прочитај повеќе

Целосен-пораз-на-СДСМ-на-сите-полиња-I-Денешен-crop-resize

 

[Рецензија: Целосен пораз на СДСМ на сите полиња]

 

Овој текст е пишуван за по секоја цена да се нападне најголемата опозициска партија, што се гледа со самиот избор на насловот. И ваквата тенденција се препознава во секоја реченица од ова целосно необјективно, критизерско четиво. Материјалот е лошо новинарски спакуван и изгледа конфузно. Тој тргнува од митингот (контрамитингот) на владејачката ВМРО-ДПМНЕ пред Собранието и прави споредба со антивладиниот протест  на опозицијата и на граѓанскиот сектор пред Владата, па се префрла на вооружените инциденти во Куманово од 9 мај (2015). Написот најпрво користи виртуелни аналитичари, па се повикува на изјави од известувачот на Европскиот парламент за Македонија, Иво Вајгл, и на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, а завршува со екслидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, потсетувајќи на гостиварските настани од 1997 година!

Прочитај повеќе

Погледот далеку, проблемите блиску. Фото: скриншот
Погледот далеку, проблемите блиску. Фото: скриншот

 

Џабе измислени интервјуа, напразни се најавите за задоцнети балкански дипломатски офанзиви, кога метастазите на криминалот и глупоста ги имаат зафатено сите витални органи на власта. Режимот полека згаснува, секојдневно губејќи по некоја функција Еве, тукушто „на оној свет“ неделава се пресели надворешната политика на Груевски. Амин.

 

 

Пишува: Сашо Орданоски, експерт за комуникациски науки

Прочитај повеќе

Забележи ја разликата. Фото: ВМРО-ДПМНЕ (горе), ФОСИМ (долу)
Забележи ја разликата. Фото: ВМРО-ДПМНЕ (горе), ФОСИМ (долу)

 

Кои беа разликите меѓу протестот на 17 мај и митингот на 18 мај и дали тие беа воочени од страна на медиумите?

 

Пишува: Проф. Мирјана Најчевска, експерт за човекови права

 

Прочитај повеќе

ЕКСКЛУЗИВНО-додека-СДСМ-кампува-Рада-и-Бобо-одлетаа-Вечер-crop-resize

 

[Рецензија: ЕКСКЛУЗИВНО: додека СДСМ кампува – Рада и Бобо одлетаа]

 

Сензационален наслов за сензационален и манипулативен текст. Ексклузивно: СДСМ кампува, Рада одлета! Тука ексклузивно се прашуваме: Па што ако Рада одлетала? Ова е класичен пример за тоа како во недостиг на конкретни и проверени информации новинарите манипулираат со фактите и на јавноста и создаваат погрешна слика.

Прочитај повеќе

← Previous PageNext Page →