FireShot-Screen-Capture-106-Жан-Клод-Јункер-crop-resize

 

[Рецензија: Жан-Клод Јункер потврди дека стои зад комесарот за преговори и соседска политика, Јоханес Хан]

 

Доволно e само да се отвори линкот и да се види што кажал Маргаритис Схинас, портпарол на претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, па потоа тоа да се спореди со писанието што го рецензираме.

Името на Жан-Клод Јункер е злоупотребено за да се направи манипулација и на читателите да им се сервирaат информации нарачани од власта, а спин-мајсторот тоа многу вешто и технички и во конструкција на речениците во првиот дел од текстот и на неговиот крај, го извел така за да се добие привид дека претседателот на ЕК „безрезервно“ ја подржува политиката на Владата и го „кара“ лидерот на опозицијата Зоран Заев во пакет со „неговите медиуми“.

Пример за манипулација со читателите и за спинување во полза на една политичка опција со еклатантно непочитување на механизмите на Европската унија, кои препорачуваат медиумите при пишување за политичките процеси да не бидат пристрасни и да ги почитуваат професионалните стандарди.

FireShot Screen Capture #106 - 'Жан-Клод Јункер потврди дека стои зад комесарот за преговори и соседска политика, Јоханес ХанЛинк до оригиналниот напис: Жан-Клод Јункер потврди дека стои зад комесарот за преговори и соседска политика, Јоханес Хан

Датум и време на објавување: 16.06.2015, 17:04

Датум на рецензирање: 18.06.2015

Рецензент: Александар Писарев

 

ЗАД КОГО СТОИ ЈУНКЕР?

Текстот го рефлектира комплетниот креативен амбиент во кој по секоја цена треба да се заштитат интересите на владејачката партија. Во такви услови, медиумот не обрнува многу внимание на стандардите на професијата и при пишување не се раководи со вистината. Школски пример на злоупотреба на медиумот за партиски цели, манипулација со читателите и спин во полза на нарачателот на тексот.

Авторот кој се потпишал под овој текст со полно име и презиме, веднаш по насловот чија содржина е единствено точна ако се поврзе со името на Јункер во некаков галиматијас помеѓу анализа и колумна, пишува реченици во форма на констатции и заклучоци без цитирање извор, кои сугерираат кај читателот дека е тоа дел од она што го кажал Јункер, што е апсолутно неточно.

„Македонија покажа многу посилен капацитет и способност за зачувување на стабилноста отколку што се очекува од мала балканска држава со 2 милиони жители.“

 

„Успеа да ја сочува етничката стабилност и покрај провокациите од исламската радикалната заедница уште со протестите против изградба на црква на плоштад кои сосема очекувано беа подржани од Милчин и Соросоидите.“

 

„Етничката стабилност е сочувана иако со години СДСМ и СОРОС ги прозиваат ДУИ и ДПА дека се предавници на албанците затоа што не го подржуваат Заев, а ги повикуваат албанците на Отпор и насилни демонстрации за подршка на СДСМ.“

Вака конципирана содржина, дополнета со блескава фотографија на барокната фасада на Владата, е ставена во функција кај читателот да го засили чувството на стабилност на актуелната власт.

 

ПАРТИСКИ ПАМФЛЕТ

Сé она што досега официјално изјавиле и Јункер и Хан нема елементи на пристрасност и на заземање страна или поддршка на актуелната власт, а целиот концепт на текстот се обидува баш тоа да го сугерира кај публиката и да го дисквалификува лидерот на опозицијата. Затоа, имињата на Јункер и на Хан се повторуваат и на почеток и на крајот од текстот, иако нивните изјави апсолутно немаат никаква врска со оцените изречени од новинарот, туку само на поддршка на посредникот во разговорите, еврокомесарот Јоханес Хан.

Вториот дел од текстот е класичен партиски памфлет и има предизборна мобилизатораска функција. Паушално, однапред прави процени на изборните резултати, се повикува на непостоечки анкети и на резултати од рејтинзите и однапред ја прогласува изборната победата на партијата чии интереси ги застапува. Тоа е спротивно и на членот 14 од Кодексот на новинарите на Македонија, кој вели:

Известување од политичките процеси, посебно од изборите, треба да биде непристрасно и избалансирано. Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).



ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВистинитост

нема факти

неверодостојни наводи

infoVistinitostИзвори на информации

нема евидентирани извори

infoVistinitostСодржајност

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПристрасност

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКоментирање

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПлагијат

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКвалитет на насловот

информира

некреативен

несензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФотографија

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГовор на омраза

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУреден за веб

читлив

квалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Коментари

Коментарите ќе бидат модерирани според правилата за коментирање и нема да се толерираат навреди, клевети или говор на омраза.

Еден коментар на “Злоупотребено името на Жан-Клод Јункер”

  1. paleo chocolate chip cookie recipe on јуни 22nd, 2015 11:37 pm

    paleo chocolate chip cookie recipe

    Злоупотребено името на Жан-Клод Јункер

Одговори