FireShot-Screen-Capture-152-МИА-www_mia_mk_mk_Inside_RenderSingleNews_288_132697466-crop-resize

 

[Рецензија: Карамарко: Изнесување тајни податоци од службите е нецивилизиран потег]

 

Коректен почеток, ужасен крај. Ова накусо е сумарната оценка за четивото кое го имаме в рака. Недвојбено, има наменски карактер, кој не е исклучиво врзан со потребите на пошироката публика, туку и со оние на потесен круг политичари од владејачката постава. Ако некој рече дека ваквата квалификација е преостра, мојата позиција ќе ја аргументирам со последниот пасус од конкретниот текст. Таму имаме класичен коментар, политички обоен, партиски застранет, што му дава сосема поинаков шмек на овој напис.

FireShot Screen Capture #152 - 'МИА' - www_mia_mk_mk_Inside_RenderSingleNews_288_132697466Линк до оригиналниот напис: Карамарко: Изнесување тајни податоци од службите е нецивилизиран потег

Датум и време на објавување: 25.06.2015, 13:49

Датум на рецензирање: 28.06.2015

Рецензент: Владимир Мирчески

 

СОЗДАВАН ЗА ВЕСТ, А ПОРОДЕН КАКО КОМЕНТАР

Овој материјал има „вродена маана“ – создаван е за вест, а всушност породен е како коментар. На исто место, наспроти јасните одредби на Кодексот на новинари, измешани се и вест и коментар, а притоа не е направена дистинкција меѓу нив:

Реакцијата на идниот премиер на Хрватска е поради класичниот удбашки метод на СДСМ со прибавување и објавување на присушувани материјали да уценува легитимна власт, а во време додека во хрватското општество наголемо се пласираат приказни за негова поранешна припадност на тајната служба – УДБА.

 

Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот – член 13 од Кодексот на новинарите.

Со ваквиот пристап, очигледно намерен, се поткопува кредибилноста на целиот производ особено со формулациите употребени во последниот проблематичен пасус, кои јасно упатуваат на тенденциозност од политичко-партиска природа, а не од некакви реални новинарски мотиви. Што имало потреба да се делат разно-разни квалификации за делувањата на опозицијата во една класична агенциска вест? – Никакви, од професионална гледна точка, би бил одговорот. Ставовите и мислењата се за во друга категорија, а не за во рубриката „Македонија“. Искрено, не е проблемот само во дописникот и неговото жанровско мешање „баби и жаби“, туку и во уредникот на смена кој потклекнал онаму каде што не смеел, а тоа е последното филтрирање на информацијата пласирана не каде било, туку на државна новинска агенција. Недозволиво!!!!

 

Еве на пример, што нормираат некои од посериозните светски медиумски куќи:

Во најголемиот дел нашите новинари кои имаат задача да покриваат вести треба да се придржуваат до известувањето и до анализите. Не би требало да се оди повеќе од добро поддржаните заклучоци темелени на нашето известување и не би требало мислењата да се претставуваат како факти. Нашата цел е на публиката да и се даде доказ за самата да извага и изгради сопствено мислење без наше вмешувањеЕтички прирачник на американското Национално јавно радио.

 

ПАРТИЈА 1 : ДРЖАВНА НОВИНСКА АГЕНЦИЈА 0

Покрај оваа „фабричка грешка“ текстот има и други недостатоци, секако не толку сериозни, но сепак важни за непристрасно градење на едно четиво. Да почнеме со ред, за извор на основната информација избран е политичар од регионот чија партија е сестринска со онаа што ја води македонскиот премиер. Случајност? – Не верувам. Во ред, бил „начекан“ првиот човек на ХДЗ, но зошто тогаш за баланс исто така не е „фатена“ изјава и од некој човек од левите партии кои пак се во иста семејство со опозицискиот СДСМ. Тоа не само што би дало впечаток на објективност, туку секако и би ја збогатило содржината бидејќи наместо став на еден, би имале мислења на двајца европски политичари. Дополнително, формулацијата „реакцијата на идниот премиер на Хрватска“ исто така не е во ред. Прво, не е реакција ако тој бил прашан, значи тоа е негов одговор на прашањето на новинарот, второ од каде таа сигурност дека токму тој ќе биде „идниот премиер“? Од новинарски апсект многу е покоректна кованицата употребена на почетокот на написот „најверојатен иден премиер“ зашто е јасно дека ситуацијата во Хрватска во пресрет на изборите е многу интересна и пред се динамична.

Исто така, не треба да се заборави и впечатокот на искористување на изјавата на челникот на ХДЗ за нечии политички потреби. Тој јасно се оградува дека не е до крај запознат со ситуацијата во Македонија:

„Запрашан да го коментира однесувањето на македонската опозициска партија, лидерот на ХДЗ со дециден став:- Тешко ми да го коментирам тој случај. Навистина не ги знам деталите околу тоа. Но, мислам дека такви работи, како изнесување тајни податоци од службите, дефинитивно не е добро да се случува во едно цивилизирано општество“.

Ова секако е многу поинакво од своеволното толкување особено во насловната конструкција во која се вели Карамарко: Изнесување тајни податоци од службите е нецивилизиран потег“.

Ама целта е постигната за што говори и фактот дека овој текст експресно е преземен од интернет-портали познати по својата, еве да бидеме умерени, необјективност.

Значи, има информација, ама извртена, со делумно спинувана изјава на соговорник, има силна доза на пристрасност, има обоени коментаторски елементи, има несоодветни квалификации и конечно има јасно зафаќање страна. Професионално? – Никако. Затоа резултатот е: Партија 1 : Државна новинска агенција 0.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).



ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВистинитост

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

делумно

infoVistinitostИзвори на информации

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСодржајност

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПристрасност

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКоментирање

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПлагијат

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКвалитет на насловот

не информира

некреативен

сензационален

тенденциозен

infoVistinitostФотографија

има

соодветна

ни манипулира ни информира – ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГовор на омраза

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУреден за веб

читлив

квалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Коментари

Коментарите ќе бидат модерирани според правилата за коментирање и нема да се толерираат навреди, клевети или говор на омраза.

Одговори