http___vecer.mk_makedonija_makedonij-crop-resize

 

[Рецензија: Македонија и Франција покажуваат интерес за продлабочување на економската соработка]

 

Основиот проблем со овој материјал е што нема посочено извор за информациите кои ѝ се соопштуват на јавноста. А, таа, секако, има право да знае од каде потекнуваат.

http___vecer.mk_makedonija_makedonij

Линк до оригиналниот напис: Македонија и Франција покажуваат интерес за продлабочување на економската соработка

 

Датум и време на објавување: 27.06.2015, 09:52

Датум на рецензирање: 28.06.2015

Рецензент: Оливера Војновска

 

А ИЗВОРИ?

Станува збор за куса информација за економската посета на премиерот Никола Груевски на Франција, во која се соопштува дека тој се сретнал со сенаторот Алаин Ричард, специјален претставник на француската Влада за економски односи со земјите од Балканот. Притоа се вели дека:

Соговорниците се  согласија дека Македонија и Франција покажуваат интерес за постојан развој и продлабочување на економската соработка

Истата поента е извлечена и во насловот.

Меѓутоа, од текстот не може да се разбере како се добиени информациите за средбата на шефот на македонската Влада со францускиот сенатор. Иако најверојатно се работи соопштение од владината прес- служба, бидејќи истата информација во речиси идентична форма беше објавена во повеќе медиуми. Со таа разлика што во нив е посочен изворот на информации. Материјалот што го рецензираме, пак, делува како да е пишуван од личност која била на местото на настанот .

За одбележување е и тоа што во првата врезија на веста точно  е лоциран изворот. Таму е наведено: „информираат од владината прес- служба“, но потоа  некој проценил дека ваквата локација треба да отпадне.

И токму со ваквиот пристап текстот добива една манипулативна нота. Имено, иако во него се пренесуваат исклучиво впечатоците на премиерот од разговорите во Париз (без да се даде и изјава од Ричрад), написот генерализира:

Соговорниците се согласија дека во наредниот период треба да се охрабрат двете држави и приватните субјекти за зголемена економска и трговска соработка.

Па, со оглед на тоа што не е прецизиран изворот на информации, се создава привид дека е во прашање заеднички став на двајцата соговорници, а не импресии или интерпретација на  владината служба. Што, истовремено остава простор за сомнеж дека идејата, сепак, била да се предимензионира посетата на премиерот.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).



ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВистинитост

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИзвори на информации

нема евидентирани извори

infoVistinitostСодржајност

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПристрасност

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКоментирање

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПлагијат

делумна копија

ненаведен автор

infoVistinitostКвалитет на насловот

информира

некреативен

несензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФотографија

има

соодветна

ни манипулира ни информира – ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГовор на омраза

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУреден за веб

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Коментари

Коментарите ќе бидат модерирани според правилата за коментирање и нема да се толерираат навреди, клевети или говор на омраза.

Одговори