СДСМ-призна-дека-прислушкувале-осомничените-во-„Пуч“-Верушевски-и-Костовски-crop-resize

 

[Рецензија: СДСМ призна дека прислушкувале осомничените во „Пуч“ Верушевски и Костовски]

 

Овој текст е класичен пример за пропаганда, манипулација и извртување на фактите во корист на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Злоупотрен е извештајот на експертската група на Европската комисија кој е полн со критики упатени на адреса на премиерот Никола Груевски и извртен во сопствена полза.

Прочитај повеќе

06262015-Republika-Gruveski-crop-resize

[Рецензија: Груевски: Владата усвои план за нови реформи за европска интеграција]

 

Сосема е нормално политичарите да ги користат сите канали за комуникација, вклучувајќи ги и социјалните мрежи, за сопствена и за афирмација на политиките што ги застапуваат. Никој не е наивен да помисли дека на сопствениот Фејсбук профил, премиерот, на пример, ќе биде објективен и реален и дека нема да пропагира. Се разбира, тој може да го прави тоа, ама зрелите, медиумски емнаципирани поединци и организации, ќе знаат да го препознаат тоа и да не дозволат неговата субјективност или невистина, да влијае на нив.

Прочитај повеќе

Kolaz-Dnevnik-spfm
Почни со Тунис, пушти го Груевски два пати со друг министер измеѓу, нареди два „успеси“, а главната вест спинувај ја и стави ја во средина за да не се забележи и си ја завршил својата пропагандистичка задача за тој ден. Фото: колаж СПФМ

 

[Критички осврт кон првиот ТВ Дневник на МРТ на 26. јуни 2015 год. во 17.00 часот]

 

Кога американскиот стејт департмент ќе излезе со забелешки околу владеењето на правото, корупцијата и слободата на медиумите, секој би помислил дека новинарите на чело со јавниот сервис би требало да ги презентираат проблемите како мотив не само за политичарите да преземат нешто, туку и публиката да биде информирана околу состојбата во земјата. Следејќи ја најавата, во Дневникот 1 на националниот сервис, кој не мора веќе да потенцирам дека сите го плаќаме, се добива впечаток дека најпотресителната работа се случила некаде далеку, поточно во Тунис и Париз. А во Македонија? Попусти полнат книжарници, успеси во медицината, а владата собира странски инвестиции.

 

 

Пишува: Александар Пешев

Прочитај повеќе

Против дискриминација. Фото: ФОСИМ, 8 март 2014
Против дискриминација. Фото: ФОСИМ, 8 март 2014

 

Во претходната анализа,  укажавме зошто КЗД утврди дека има дискриминација во еден медиумски прилог на ТВ „Сител“ во кој се тврдеше дека „на хомосексуалците им е потребна професионална и медицинска помош, наместо законска помош“. Сега ќе анализираме уште една „историска“ одлука на КЗД, донесена по цели две години непостапување за „повеќекратно и продолжено вознемирување“ во четири новинарски прилози објавени во „Вечер“ во периодот од 13-17.10.2012 г.

 

Пишува: Жарко Трајановски, магистер по човекови права 

 

Прочитај повеќе

Putin srpski vojnici - 09876-0987-crop-resize

 

[Рецензија: ФОТО: Со овие воени машини српската војска би била најмоќна сила – поради ова Путин е луд за српските војници]

 

Ова е глупост од текст на кој тешко да му се фати крајот. Не се знае дали е класична куса информација, дали е фото-вест, или, пак, е само ново неаргументирано манифестирање возљубеност во Путин и во српската „воена моќ“. Навистина, откако ќе се разгледа материјалот единствениот ефект што се предизвикува кај публиката најверојатно е знак прашалник.

Прочитај повеќе

← Previous PageNext Page →