ФОТО  Инпекторите во шок-CROP-RESIZE

 

[Рецензија: ФОТО: Инпекторите во шок – еве како печалат трговците]

 

Овој напис не претставува вест. По ниеден новинарски критериум. Барем не вака како што е напишана. Причината зошто е многу јасна. Запленетите количества се толку мали што не го заслужуваат вниманието на јавноста. Никому не му грижа што инспектори од дури две институции заедно (царина и УЈП) вкупно заплениле неколку гајби алкохолни пијалаци и нешто повеќе од две штеки цигари без бандероли. Такво нешто не вреди ни да се спомне од гледна точка на јавниот интерес.

Прочитај повеќе

dddd-09876-0987-crop-resize

 

[Рецензија: Како што бараше специјален обвинител Заев сега сака да ја контролира и Агенцијата за медиуми?!]

 

Многу прашања, а малку одговори и тоа често реторички. Ваквото структуирање на текст не навестува дека тој во целост кореспондира со основите на новинарско формулирање напис во кој основата е давање одговори на клучните „кој, што, каде, кога, зошто и како“. Ова е повеќе сеење ветер и магла, отколку легитимно информирање на јавноста.

Прочитај повеќе

Овој напис го има и на: Албански 

Kurir-Shqiperia-me-plazhe-nudo-familjaret-largohen-550x363

 

Медиумите избираат да си „играат“ со сензационални и необични вести за да го привлечат вниманието на читателите и со тоа да имаат повеќе публика. Овој напис грубо ги крши етичките норми за објавување информации и тоа од неколку причини.

Прочитај повеќе

netalentirani-crop-resize

 

[Рецензија: Опсесивноста на СДСМ, доказ за кризата во која се наоѓаат и поради која ги губат изборите]

 

Прво што паѓа во очи кога се чита овој текст е отсуството – отсуство на факти, отсуство на извори кои се користени, отсуство на вест, на дејствие, отсуство на стил, на испочитувани основни новинарски правила за пишување на вести и информации. Тоа и повеќе од скромниот речник и немуштиот начин на изразување, кои просто бодат очи. Само правописни, јазички и стилски грешки има во изобилие.

Прочитај повеќе

ВМРО ДПМНЕ ќе постави свој шеф на Сорос фондацијата-crop-resize

 

[Рецензија: ВМРО-ДПМНЕ ќе постави свој шеф на Сорос фондацијата]

 

Ако за најголем дел од јавноста преговорите меѓу четирите партии, како дел од обврските преземени од т.н. Договор од Пржино е следен со зголемен интерес, загриженост и очекување дека истите ќе минат со брзина која е очекувана ама и е зададена од странските опсервери на процесот, преку текстот кој е предмет на рецензирање, се уверуваме дека за некои новинари тој процес треба да биде предмет на условувања што со голема леснотија и се поставуваат на „својата партија“. Онаа партија која е на власта, да нема забуна, при што занаетот се претвора во „дупнување на желба“ во филџанот на семоќта.

Прочитај повеќе

Next Page →