ФОТО-Манијак-сее-страв-во-скопски-Аеродром-Сител-Телевизија-crop-resize

 

[Рецензија: ФОТО: Манијак сее страв во скопски Аеродром!]

 

Овој текст е класичен пример за тоа како новинарите од една обична објава на социјалните мрежи можат да направат сензација, а во случајов и да рашират паника. Она што недостига во текстот се факти и, според тоа, лесно може да се доведе во прашање вистинитоста на објавената информaција.

ФОТО  Манијак сее страв во скопски Аеродром    Сител ТелевизијаЛинкуван наслов на анализираниот напис: ФОТО: Манијак сее страв во скопски Аеродром!

Датум и време на објавување:  29.06.2015

Датум на рецензирање: 03.07.2015

Рецензент: Ана Анастасовска

„Манијак деновиве „оперира“ низ скопската населба Аеродром. Напаѓа девојчиња кога се сами, а на социјалните мрежи се шират поплаките на две девојки, кои веќе се соочиле со него. Иако едната од девојките вели дека случајот е пријавен во полиција, оттаму нема официјална потврда.“

Уште на самиот почеток од текстот, авторот остава простор за сомнеж во информацијата. Се посочува дека две девојки на „Фејсбук“ ја ширеле оваа информација, но дека за тоа нема никаква официјална потврда од МВР. Прашањето што тука се наметнува е зошто новинарот не се потрудил да добие некакви официјални информации, било да се потврдни или не, и зошто беспотребно шири паника? Нема изјава од МВР, од граѓани, не се контактирани девојките што го објавиле тоа.

Зарем секоја објава на социјалните мрежи треба да се зема здраво за готово и како таква да се пласира на јавноста? Што ако информацијата не е точна? Што треба да помислат родителите на девојчињата, кои, наводно, му биле цел на манијакот, кој може и да не постои? Зарем новинарот не помислил на тоа каква паника може да завладее кај родителите чии ќерки навечер шетаат сами низ населбата Аеродром?

Задача на новинарот е кога ќе дојде до некоја информација, да ја провери од што е можно повеќе извори за да се утврди нејзината веродостојност. Вака пласирана информацијата, има цел само да биде сензационална и да привлече што поголемо внимание и читаност без оглед на вистинитоста.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).



ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВистинитост

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИзвори на информации

има евидентирани извори

анонимни

нерелевантни

повеќе извори

еднострани

infoVistinitostСодржајност

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПристрасност

не може да се утврди

нема извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

Не може да се утврди

infoVistinitostКоментирање

нема коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПлагијат

делумна копија

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКвалитет на насловот

информира

некреативен

сензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФотографија

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГовор на омраза

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУреден за веб

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Коментари

Коментарите ќе бидат модерирани според правилата за коментирање и нема да се толерираат навреди, клевети или говор на омраза.

Еден коментар на “Манијак сее страв! Да, на социјалните мрежи и во медиумите”

  1. Naimabennounalyoubi.Com on јули 6th, 2015 7:39 pm

    Naimabennounalyoubi.Com

    Манијак сее страв! Да, на социјалните мрежи и во медиумите

Одговори