netalentirani-crop-resize

 

[Рецензија: Опсесивноста на СДСМ, доказ за кризата во која се наоѓаат и поради која ги губат изборите]

 

Прво што паѓа во очи кога се чита овој текст е отсуството – отсуство на факти, отсуство на извори кои се користени, отсуство на вест, на дејствие, отсуство на стил, на испочитувани основни новинарски правила за пишување на вести и информации. Тоа и повеќе од скромниот речник и немуштиот начин на изразување, кои просто бодат очи. Само правописни, јазички и стилски грешки има во изобилие.

Евидентен е обидот тоа силно отсуство да се надомести со нешто, па затоа написот е „накитен“ со, ни помалку, ни повеќе, туку шест видео-клипови од разни настапи на истакнати претставници на Социјалдемократскиот сојуз, кои немаат конкретна врска со кажаното ниту имаат било каква функција онаму каде што се ставени, бидејќи ништо не појаснуваат. Видеата се со делови од говори на предизборни митинзи и настапи по медиуми на личности од СДСМ и треба да го илустрираат тврдењето од насловот, односно да прикажат дека оваа партија не си ги остварува предизборните ветувања па затоа се фрустрирани и имаат „слепа опсесивност особено истакната и насочена кон премиерот Никола Груевски“. Поставувањето на последното видео, пак, е комплетно промашување – трае 28 секунди под наслов „Молк во СДСМ“ и прикажува само празна сала за прес-конференции во партиското седиште на Социјалдемократскиот сојуз, сугерирајќи дека минатогодишните избори завршиле со 200 илјади гласа разлика, па затоа „по заврсувањето на изборите во СДСМ владееше тишина“.

Нема сомневање дека се работи за пропаганден текст, но прашање е како на нарачателите им се провлекла ваква аматерска изработка. Дефинитивно јасно е едно: овој напис нема никаква допирна точка со новинарство.

Рецензија: Нема факти, нема извори ама грешки - имаЛинк до оригиналниот напис: Опсесивноста на СДСМ, доказ за кризата во која се наоѓаат и поради која ги губат изборите

Датум и време на објавување: 25.07.2015 – 14:42

Датум на рецензирање: 29.07.2015

Рецензент: Југослава Дуковска

Колку и да барате, факти во овој напис – нема. Но, затоа, пак, има произволни тврдења подметнати како факти, ама и тоа е толку несмасно направено што е лесно воочливо.

Истата тактика, истите лажни ветувања и методи на работа. Истата тактика, истите лажни ветувања и методи на работа.

Социјалдемокртаксиот сојуз пред секои избори наместо со програма, идеи и проекти се натпреварува со закани, покажување силина и опсесивност со ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ наместо со автентично делување кое би било препознаено од граѓаните, се повторува со безидејноста како во веќе нешто видено.

Повторувањето на една иста реченица едно подруго, две реченици што почнуваат на ист начин, тврдења кои се недооформени и конфузни, бројни грешки, сето ова се индикатори дека при создавањето на овој текст е брзано и се немало јасна идеја што точно се сакало да се каже. Еве уште еден пример за тврдења тресени од ракав место факти:

Веќе видено сценарио се и лажните анкети на СДСМ со кои се силат, како и прикажување бројност на митинзите се со цел да се создаде слика дека на тој начин ја имаат поддршката од граѓаните, што пак секогаш на изборниот ден се покажува како вистинско фијаско за СДСМ за кои тогаш, некој друг им е виновен.

Настрана очајниот стил и лошата граматика, кои се тие лажни анкети? Дали „прикажувањето бројност на митинзите“ само создава слика дека СДСМ ја има поддршката од граѓаните, или граѓаните навистина ја искажале поддршката преку присуство на митинзите? Дали она што се случувало досега во изборните циклуси во Република Македонија било само „изборно фијаско на СДСМ за кое некој друг им е виновен“ или треба да се потсети на објавените докази за изборните манипулации, за кои јавноста дозна преку објавувањето на бомбите од страна на СДСМ, за што и претставниците на меѓународната заедница инсистира да се истражат? Ништо од ова, очекувано, нема во предметниов текст.

Со оглед на тоа што нема факти, по сè изгледа нема потреба ни од извори. Се што се соопштува во овој текст е нечие субјективно гледање на работата на опозиционата СДСМ. Чие? Одговор нема, текстот е непотпишан.

Оправдано е сомневањето дека ова е еден од оние текстови кои преку copy-paste техниката се дистрибуирани низ медиуми од иста политичка провениенција. Се е идентично- текстот, опремата, насловите. Ниту печатните грешки не се исправени.

Написот е во таква форма што нема многу простор за анализа на напишаното. Текст очигледно дистрибуиран од еден извор и за конкретни пропагандни цели, насочен кон дискредитација на опозициона партија – директен политички опонент на власта.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).



ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВистинитост

нема факти

нема факти

нема факти

infoVistinitostИзвори на информации

нема евидентирани извори

нема користени извори

нема користени извори

infoVistinitostСодржајност

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПристрасност

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКоментирање

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПлагијат

целосна копија

ненаведен автор

infoVistinitostКвалитет на насловот

дезинформира

некреативен

несензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФотографија

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГовор на омраза

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУреден за веб

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Коментари

Коментарите ќе бидат модерирани според правилата за коментирање и нема да се толерираат навреди, клевети или говор на омраза.

Одговори