ВМРО ДПМНЕ ќе постави свој шеф на Сорос фондацијата-crop-resize

 

[Рецензија: ВМРО-ДПМНЕ ќе постави свој шеф на Сорос фондацијата]

 

Ако за најголем дел од јавноста преговорите меѓу четирите партии, како дел од обврските преземени од т.н. Договор од Пржино е следен со зголемен интерес, загриженост и очекување дека истите ќе минат со брзина која е очекувана ама и е зададена од странските опсервери на процесот, преку текстот кој е предмет на рецензирање, се уверуваме дека за некои новинари тој процес треба да биде предмет на условувања што со голема леснотија и се поставуваат на „својата партија“. Онаа партија која е на власта, да нема забуна, при што занаетот се претвора во „дупнување на желба“ во филџанот на семоќта.

ВМРО ДПМНЕ ќе постави свој шеф на Сорос фондацијатаЛинк до оригиналниот напис: Вечер: ВМРО-ДПМНЕ ќе постави свој шеф на Сорос фондацијата

Датум на објавување: 26.07.2015 18:00

Датум на рецензирање: 29.07.2015

Рецензент: Љубомир Костовски

Најпосле, со самиот факт дека фондацијата Сорос со 5 милиони евра годишен буџет е партиска институција на СДСМ, која 20 години ја предводи Владимир Милчин, функционер на СДСМ, треба исто така да биде предмет на преговорите. ВМРО-ДПМНЕ треба да бара и добие право да постави свој извршен директор и комплетно раководство на Сорос како баланс на дел од нивните барања.

Авторката на текстот има најнапред проблеми со изборот на аналитичкиот метод. Така, уште во стартот таа вели дека ВМРО ДПМНЕ не треба да преговара со СДСМ за оние работи кои не стојат во т.н. Договор од Пржино. Дури и сугерира дека владеачката партија не треба да преговара за такви прашања дури и треба да излезе од парламентот ако се ставаат на маса! Веднаш потоа додава дека, сепак, треба за нешто да преговара, а тоа е раководното место во Сорос фондацијата! Ова, секако, не е ниту може да биде дел од било какви преговори, бидејќи се работи за приватна фондација, а камоли таа да биде дел од некаков договор за односите во рамките на една држава. Но, тука сме кај методот – како одредува самата авторка што е за ултимативни преговори, а што не е за муабет меѓу политичките актери?

Во следните пасуси авторката преминува на историјата без да се најде „копчето“ кое го поврзува преговарачкиот процес, претходно споменат, со изборните порази и победи на СДСМ. На мал простор имаме комплетна ревизија на политичката историја на парламентаризмот. Така, таму стои дека ВМРО ДПМНЕ ги добило првите избори (1991), но не добила мандат да состави Влада, бидејќи албанската партија ПДП не сакала да влезе во таква Влада. И кој е виновен за ова, поставува прашање авторката и самата си одговара – СДСМ..

Имаме прескок на изборите од 1994 година, а потоа се вели дека чистата победа на ДПМНЕ во 1998 година е поматена со тоа што во вооружениот конфликт од 2001 година СДСМ ги демобилизирал македонските резервисти и затоа војната (а со тоа и власта) била изгубена. Неколку новини се појaвуваат во текстот како поглед на минатото. Прво, имавме војна меѓу Македонија и Косово. Потоа, за слабиот одзив на резервистите не е виновна власта, која, нормално раководи со администрацијата која е под МО. Виновна е опозицијата која нема допир со мобилизацијата по дифолт! Трето, сме ја изгубиле војната – тоа е секако проблем кој заслужува компетентен одговор од оние структури кои авторката „ги брани“ во овој текст. Има меѓу нив стотина актери во таа конфликтна ситуација, па нека излезе некој и нека ја повтори поставената мантра!

Како и да е, вака натрупани заклучоци заслужуваат секако и поголем простор и барем малку аргументи за таква сериозна ревизија на блиското минато.

Проблемот со структурата на текстот одново се појавува, кога по правењето „салата“ на парламентарните избори авторката пак се враќа на темата од стартот. Таа рокада одново со ништо не е најавена, па се добива впечаток дека имаме лепеници во форма на реченици за две паралелни теми. Овој пат имаме „наредби“ до партијата на власт што во преговорите може, а што не може да прифати, што добива елементи на диктат, што излегува од новинарскиот бон-тон, бидејќи ниту еден журналист не може да излезе од својата кожа, а ако сака да излезе, сепак, треба да се кандидира на избори и нека биде избран па ќе го викаме – политичар.

Кога сме кај лепениците и крпениците во овој текст и просечен уредник би имал забелешки. Бидејќи, освен за структурата и основниот тон на текстот, кој наликува на поставување на задачи на премиерот, постојано имаме флоскули кои мора да се повторуваат како такви. На пример, ако некаде стои Фондација Сорос, секогаш стои во цела полуреница „со 5 милиони евра годишен буџет“. А ако се спомене досегашниот директор Милчин, секогаш стои „кој 20 години ја предводи Фондацијата Сорос“. Имаме значи „именки со приколки“, што не е измислица на авторката, туку едноставно стара пропагандистичка школа која на личните имиња или на имињата на правни лица им дава квалификатив без кој не можат да стојат самостојно, или не дај боже да бидат препуштени на преоценка на читателот.

Текстот, кој налкува на трчање на стипл чез за да се дојде до крајот, сепак треба да се чита cum grano salis (со крајна резерва), па ако се гледа низ очилата на еден подуховит жанр отколку како сериозен политички, според рубриката каде е сместен, тоа може да биде вовед во многу забавно попладне, да речеме.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).



ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВистинитост

нема факти

неточни наводи

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИзвори на информации

нема евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСодржајност

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПристрасност

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКоментирање

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПлагијат

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКвалитет на насловот

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФотографија

Има графичка илустрација

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГовор на омраза

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУреден за веб

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Коментари

Коментарите ќе бидат модерирани според правилата за коментирање и нема да се толерираат навреди, клевети или говор на омраза.

Одговори