ФОТО  Инпекторите во шок-CROP-RESIZE

 

[Рецензија: ФОТО: Инпекторите во шок – еве како печалат трговците]

 

Овој напис не претставува вест. По ниеден новинарски критериум. Барем не вака како што е напишана. Причината зошто е многу јасна. Запленетите количества се толку мали што не го заслужуваат вниманието на јавноста. Никому не му грижа што инспектори од дури две институции заедно (царина и УЈП) вкупно заплениле неколку гајби алкохолни пијалаци и нешто повеќе од две штеки цигари без бандероли. Такво нешто не вреди ни да се спомне од гледна точка на јавниот интерес.

ФОТО  Инпекторите во шокЛинк до оригиналниот напис:  ФОТО: Инпекторите во шок – еве како печалат трговците

Датум и време на објавување: 31.07.2015

Датум на рецензирање: 31.07.2015

Рецензент: Владимир Петрески

Ако појдете на Бит пазар било кој ден, на тамошните тезги ќе најдете по некое шише албански Скендербег коњак, за кој никогаш не знаете дали е оригинален, но нелегален увоз или фалсификат  (најчесто е фалсификат ако добро ги погледнете налепниците на шишињата). И тоа овие шишиња се видливи зашто стојат на тезгите. Уште колку такви шишиња има под тезгите, којзнае. Ако, пак, влезете во продавниците на пазарот, покрај ваквиот коњак ќе најдете и вињаци, ракии, како и шишиња со тешки алкохолни пијалаци без бандероли. Исто така, на пазарите, особено во внатрешноста на земјата, ќе најдете продавачи на домашна ракија чија роба е сосема видлива и каде што не се прави обид таа да се скрие. Локалните пијаници дури и одат од еден до друг продавач со своја чашка за ракија донесена од дома и, преправајќи се како потенцијални муштерии, бараат од продавачите да им наточат една чашка за проба и тоа ако има повеќе видови ракија по една чашка од секој вид, демек за да го почувствуваат вкусот и јачината. И така, одејќи од еден до друг продавач и „пробувајќи“ ја стоката, успеваат да се опијанат. Што им и е цел.

Кога станува збор за цигарите, пак, на Бит пазар, веднаш уште на влезот ќе налетате на редица продавачи и тоа и такви кои цигарите без бандероли ги продаваат од нога, такви кои имаат импровизирани „тезги“ од картонски кутии, а има и такви чии „тезги“ со еден потег се претвораат во патнички куфери за да можат што побрзо да ја скријат робата и да побегнат пред полицијата/инспекциите да им ја конфискуваат. Во таквите куфери/тезги неретко има и по 50, а можеби и 100 штеки цигари. За отворената продажба на тутун и дополнителна опрема за виткање цигари (што е цела една индустрија распространета на десетици тезги само на Бит пазар0 и да не говориме. И во ситуација кога состојбите се такви какви што се, овде имаме вест за запленети 23 кутии цигари, нешто повеќе од две штеки од само едно единствено продажно место, како што се гледа на фотографиите, од кои на една е фотографиран целиот „плен“, кој е повеќе од сиромашен:

cigari-09876-0987
Точно 23 кутии. Фото: скриншот

Иста е состојбата и со количеството алкохолни пијалаци од 113 литри од кои 69 литри се од домашно производство. Ова е се многу мали количества. Станува збор за неколку гајби, или, пак, ако самостојно печете ракија кај вас дома, по правило ќе испечете над 100 литри, евентуално 250 литри, ако не и повеќе. Значи, запленетото количество е нешто помалку од вообичаеното сезонско количество на едно домаќинство кое самостојно си пече ракија.

Сето ова не води до првичниот став – овие количества се толку мали, што не заслужуваат внимание. Заради тоа, соопштението на царината или на УЈП (не е наведен извор, не е кажано од која институција е известувањето) не заслужува објавување во ваков формат како што е објавено. Насловот, пак, (ФОТО: Инпекторите во шок – еве како печалат трговците) е посебна приказна. Тешко дека инспекторите биле во шок од неколку гајби нелегален алкохол и две штеки цигари. Како што е многу тешко и да се спечали од вакви мали количества нелегална роба. Можеби евентуално можело да се постави обратното прашање: како е можно после 4-дневна контрола низ дури 6 градови во Македонија (Велес, Куманово, Охрид, Ресен, Струга, Битола и Прилеп), меѓу кои се и оние најголемите, да бидат запленети толку мали количества на цигари и алкохолни пијалаци без бандероли. Сите 23 кутии цигари, на пример, се запленети само на една единствена локација, како што може да се види од фотографијата, на која е сликан „бункерот“ со нелегалните цигари . Можно ли е во сите овие 6 градови, само во една единствена продавница да имало цигари без бандероли, кога пазарите во земјава се преплавени токму со такви цигари? За што, всушност, станува збор овде? Но, написот ваквите прашања не ги ни поставува, а камоли да даде одговори на нив. Едноставно, само е пренесено соопштението на институцијата и толку.

Медиумите не се поштенско сандаче кое треба да го пренесуваат секое писание на јавните институции, дури и кога таквите писанија се ирелевантни и им служат само на оние што ги напишале, а со цел да ги импресионираат своите шефови или некого во надлежното министерство. Така, медиумите се претвораат во труби на политиката или на некои шефчиња по институциите и нивните лични амбиции.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).



ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВистинитост

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИзвори на информации

нема евидентирани извори

infoVistinitostСодржајност

ирелевантна

нема прикриени информации

infoVistinitostПристрасност

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

не аплиактивно

infoVistinitostКоментирање

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПлагијат

целосна копија (агенциска вест)

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКвалитет на насловот

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФотографија

има

соодветна

ни манипулира ни информира – ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГовор на омраза

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУреден за веб

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Коментари

Коментарите ќе бидат модерирани според правилата за коментирање и нема да се толерираат навреди, клевети или говор на омраза.

Одговори