123-09876098-crop-resize

 

[Рецензија: Ветувањата дадени од премиерот Груевски се исполнуваат – граѓаните од полошкиот регион задоволни]

 

В рака имаме форма на автопромоција со „глазура“ на некаков си новинарски „производ“. Сепак, треба да бидеме на чисто дека не може да се очекува непристрасна и објективна информација која ќе се базира само на „фали ме усто оти ќе те раскинам“ – пристап. Сè во текстот, мислејќи на сите наведени „постигнувања и напредоци“, се темели само на изјавите на еден политичар, се разбира, премиерот. Значи, неговите настапи се единствената потврда и некаква форма на апсолутната вистина дека фактичката состојба на теренот навистина е таква – розова во изградба. 

Прочитај повеќе

Овој напис го има и на: АлбанскиПулс-24-СЕ-РАЗВЕДУВА-Фрчковски-ја-малтретирал-и-втората-жена-crop-resize

 

[Рецензија: СЕ РАЗВЕДУВА: Фрчковски ја малтретирал и втората жена?!]

 

Овој текст има цел само дa го дискредитира и да го етикетира професорот Љубомир Фрчкоски. Авторот користи непроверени извори, а во него ја нема ниту втората страна, поради што не го задоволува минималното ниво на сеопфатност.

Прочитај повеќе

http___kurir.mk_makedonija_crna-hro-crop-resize

 

[Рецензија: ФОТО: Мртов коњ лежи во дворот на OУ „Димитaр Пoп Геoргиев Берoвски”]

 

Оваа куса фото-вест површно информира за случајот со угинатиот коњ во дворот на OУ „Димитaр Пoп-Геoргиев Берoвски“ во населбата Ѓорче Петров во Скопје, кој, според активистите за заштита на животните, бил изгладнуван до смрт. Веста е штура и се обидува да ја симне одговорноста за овој скандал од полицијата.

Прочитај повеќе

Овој напис го има и на: Албански 

[Рецензија: Кај си бе оџа!]

 

Текстот што го рецензираме, всушност, е скратена верзија на оригиналниот текст, објавен на портал на македонски јазик. Иако во оригиналната верзија не се дадени никакви докази за наведените обвиненија и сомнежи, авторот оценил дека текстот е вреден за превод и за преобјавување, не обидувајќи се да ги провери тезите што се пласираат во текстот.

Прочитај повеќе

Макфакс   Цените на нафтата продолжуваат да растат за над 5 отсто-crop-resize

[Рецензија: Цените на нафтата продолжуваат да растат за над 5 отсто]

 

Има сегменти во новинарството кои се специјализирани и каде што специјализираното знаење е неопходно. Во нив се користи стручна терминологија, односно жаргон (деловен, научен) и неопходно е познавање на таа стручна терминологија за таквиот текст да може квалификувано да се преведе и да биде разбирлив на целниот јазик. Овој текст е таков. Тој бара специјализирано познавање на терминологијата што се користи на светските пазари за трговија со нафта и на финансиските пазари пошироко. Исто така, со оглед на тоа што станува збр за превод на напис од „Ројтерс“, неопходно е специјализирано знаење на деловниот жаргон во англискиот јазик кога станува збор за светските пазари на нафта.

Прочитај повеќе

Next Page →