pak-migranti-crop-resize

 

[Рецензија: ЕКСПЛОЗИИ, СИЛУВАЊА, УБИСТВА: Ова се „мирните“ мигранти во рајот за мигранти Малме, Шведска]

 

Актуелна тема, материјал поткрепен со видеорепортажи на две телевизии, „Раша тудеј“ (РТ) и неименувана израелска продукција, провокативен наслов кој „боде очи“ со својот сензационализам… Но, залудно, бидејќи тука не се работи за новинарско истражување на вистината и нејзино објавување. Написот содржи вистини, полувистини и невистини и со сите нив манипулира. Вистина е дека во шведскиот град Малме има зголемување на стапката на криминал и на насилство. Полувистина е кога се тврди дека насилствата ескалираат во населбите каде живеат мигранти од Блискиот Исток и од северноафриканските држави, но не се навлегува подлабоко во истражувањето кои се причините што токму таму се случува порастот на криминални дела на насилство (висока стапка на невработеност, слаба интеграција во општеството и сл.). Целосна невистина се тврдењата дека бранот насилства почнал кога таму се доселиле имигранти од Сирија или дека експерите го сметаат северот на Европа за отпишан од живите.

Прочитај повеќе

Овој напис го има и на: Албански 

[Рецензија: Македонија, Собранието го усвои ребалансот на Буџетот за 2015 година]

 

Текстот што го рецензираме се однесува на усвојувањето на ребалансот на буџетот на Македонија за 2015 година. Текстот информира за усвојувањето на ребалансот на буџетот и ја пренесува изјавата на министерот за финансии, Зоран Ставревски, но не дава никакво објаснување што тоа значи за граѓаните.

Прочитај повеќе

Инфотејнмент: Наочари и јахти. Колаж: СПФМ
Инфотејнмент: Очила и јахти. Колаж: СПФМ

 

 

Паралелно со можностите за енормен развој на масовните комуникации и на масовните медиуми во 20 и особено во 21 век, јавноста станува она поле на општественост во кое на најеклатантен начин се манифестираат односите на општествената моќ. Затоа, контролата на институциите на јавноста, а особено контрола на масовните медиуми, е најважното средство за општествена доминација, затоа што истото ја обезбедува можноста за управување, структурирање и за контролирање на јавното мнение, јавноста.

 

 

Пишува: д-р Дејан Донев, вонреден професор по етика во новинарството и етика во медиумите

Прочитај повеќе

Овој напис го има и на: Албански

08252015-Kurir-Borjan-crop-resize

[Рецензија: Борјан од грчка плажа со навреди за Егејците]

 

Пред нас е уште еден од оние неброени текстови кои служат за да се гонат, денунцираат, да се клеветат луѓе поради искажан став. Хушкачките текстови против таквите луѓе се еден од најупотребуваните „медиумски“ формати на анонимни „новинари“ и на псевдомедиуми, а некои од тие луѓе на нивните листи за „отворен отстрел“. Преку цела сезона.

На таа листа се новинарот Борјан Јовановски и професорката и експертка за човекови права д-р Мирјана Најчевска.

Прочитај повеќе

234-09865-09870092-crop-resize

 

[Рецензија: БРУТАЛНИ НАЦИФАШИСТИ: Погледнете како грчката полиција брутално тепа и се изживува со мигрантите!]

 

Дека нема дно во „слободниот“ пад на стандардите во домашното новинарство, докажува овој материјал. Ако треба да се окарактеризира со еден збор, тогаш тој збор би бил страшно. Невидена збирштина од обвинувања, омраза, отсуство на аргументи, непримерен вокабулар, сè она што еден новинарски текст не смее да го има. Но, ова не се вообичаени времиња и овој напис не е новинарски производ.

Прочитај повеќе

← Previous PageNext Page →