11112-0987-098060402-crop-resize

 

[Рецензија: ФОТО: Трајковска му кажа дека е сељак, па Заев почна да се дотерува]

 

„Петпарачко четиво“, без каква било поента, ниту пак информативна компонента. Напишано туку-така зашто некому тоа му се ќефнало. Насилно наметнување на „промената на стајлингот“ на лидерот на опозицијата како екстра важна тема за општеството или, пак, некаква насока за идниот политички дискурс во земјава. Но, да не правиме грешка, ова не е глуп напис, туку наменски текст, чии коментари ја откриваат неговата политичко-партиска позадина.

1111Линк до оригиналниот напис: ФОТО: Трајковска му кажа дека е сељак, па Заев почна да се дотерува

Датум и време на објавување: 21.09.2015, 09:42

Датум на рецензирање: 27.09.2015 

Рецензент: Владимир Мирчески

 

КОГА „СТАЈЛИНГОТ“ ЌЕ ЈА ЗАМЕНИ ИНФОРМАЦИЈАТА

Ова најверојатно требало да биде некаква си козерија, ама конечниот резултат е политички текст од типот „летна манџа“. Тоа така излегло, зашто, сепак, за пишување солидна, шеговита новинарска приказна треба нешто повеќе од инструирана инспирација и желба за оцрнување. Како и да е целта е јасна – да се удри по опозицискиот лидер, притоа злоупотребувајќи го неговото гостување кај позната новинарка, која преку нејзината искрена изјава, што е дел од прислушуваните разговори, за тоа како го перцепирала на почетокот кога ја презел партијата, прави паралела со тоа што тој, меѓудругото и со т.н. бомби, истурка во последните месеци. Значи, изјавата на новинарката:

Се чудам на нејзината нормалност (Шеќеринска) или ненормалност, со прилично непристоен коментар, дали си нормална овој струмички сељак во 21 век да се заложиш да го донесеш за лидер на македонската левица.

пред сè, е во насока на политичката фигура на опозиционерот, а не на неговиот стајлинг. Значи, станува збор за обично вулгарзизирање и упростување на поентата на тезата на Трајковска како едно обично стилистичко сугерирање. Конечно, нејзината емисија обработува политички, економски, општествени, а не модни теми. „Двојна добивка“ – ем се прави зафрканција со претседателот на СДСМ, ем се зафркава и новинарката-водител, која не е по мерак на владејачката структура, дека е „индиректен стилист на Зоран Заев“.

 

ОБИД ЗА „КОНТРАСАБОТАЖА“ И „БОЗА НОСТРА“

Како што веќе напоменавме, станува збор за обид на еден популистички, да кажеме допадлив начин, на пошироката јавност да ѝ се пласира четиво кое треба да го исмее Заев дека тој, по коментарите на новинарката, решил да го промени изгледот од „задолжителната“ бела кошула со собрани ракави во „подраматичен аутфит“.

На партиската средба во Битола првиот Социјал-Демократ се појави во две комбинации на кошули, која од која поубава.

Во првата која е помалку свечена, Заев носи бела кошула со многу сини точки, што е одличен избор имајќи предвид дека точките би можеле да бидат и во различни бои.

Во втората варијанта, онаа посвечената, Заев носи темна кошула со змиски дезен со која праќа двојна порака – едната е дека завршил со имитирањето на стајлингот на Алексис Ципрас, втората е дека под првиот плашт на белокошулашка демократија, се крие кожа на змија. Можеби оваа кошула ја носи на партиските состаноци на кои ги вреѓа и пцуе своите соработници и членови на СДСМ, како што самиот кажа пред неколку дена.

Дека е коментар, нема дилема, дека е несоодветен, исто така, нема какво било прашање. Впечатокот е дека некој си ја презел маката на врат да креира „вицкаст“ текст што можеби би требалo да парира на домашните „Коза ностра“ или пак „Саботажа“. Ама, да си признаеме, луѓето што ги работат овие новинарски производи се мајстори на своето перо, со изграден стил по кој се лесно препознатливи за публиката. За разлика од нив, конкретниот напис го нема тој печат на авторство, ниту пак храброста и харизмата, преку одбрани зборови, да разоткрие, разобличи и конечно нешто што заслужува да биде исмеано да го исмее.

Искрено, мене како на читател, формулациите „белокошулашка демократија“, „кожа на змија“, „вреѓа и пцуе соработници“ ниту ми се интересни, ниту смешни, а уште помалку информативни. Повеќе ми наликуваат на штапски брифинг, отколку на авторски проблесок.

Заклучокот е лесен, исто како и ова четиво: слабо, слабо…. Од тривијалност без каква било реална информација, тежина и вистински новинарски, а не политички пристап, права козерија не бива.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).



ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВистинитост

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИзвори на информации

има евидентирани извори

официјални

нерелевантни

не може да се утврди

се гледа исклучиво еднострано

infoVistinitostСодржајност

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПристрасност

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКоментирање

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПлагијат

најверојатно е оригинал

ненаведен автор

infoVistinitostКвалитет на насловот

не информира

креативен

сензационален

несоодветен

нејасен

infoVistinitostФотографија

има

манипулира

наведен автор(извор)

infoVistinitostГовор на омраза

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУреден за веб

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Коментари

Коментарите ќе бидат модерирани според правилата за коментирање и нема да се толерираат навреди, клевети или говор на омраза.

Одговори