ДоказМк-Чудо-во-манастир-Свештеник-со-молитви-crop-resize

 

[Рецензија: Чудо во манастир: Свештеник со молитви ги лекува луѓето од рак]

 

Овој текст не исполнува ниту еден новинарски стандард. Нема извори, нема факти, нема изјави, нема ништо. Има само атрактивен наслов и ништо повеќе.
Прочитај повеќе

ttp___sitel.com_mk_17-milijardi-ev-crop-resize

 

[Рецензија: 17 милијарди евра помош за Македонија и Србија]

 

Единствениот проблем со овој материјал е грешката во насловот „тешка“ 17 милијарди ерва! Гледачот останува просто фрапиран од износот (во евра)  што се споменува во најавата на прилогот, а кој наводно треба да го поделат Македонија и Србија.

Сепак, нема место за возбуда, во прашање се илјада пати помалку пари!
Прочитај повеќе

Во Делчево има многу повеќе бугарски  отколку македонски пасоши-crop-resize

 

[Реченица: Во Делчево има многу повеќе бугарски, отколку македонски пасоши]

 

Прашањето за бројот на Македонци со двојно државјанство никогаш не било статистички позиционирано. Особено е скокотливо сознанието дека нашите граѓани бараат најчесто бугарски пасоши, кои и ги добиваат, пред сè, после влезот на источниот сосед во Унијата пред 11 години. Деновиве имавме прилика да видиме еден прилог на локална телевизија од град до границата со Бугарија, кој посочува бројка и тоа низ разговор со човек кој „средува“ нашите државјани да немаат многу административни пречки во остварување на својата желба. Новото е што пред камерите излегува и еден посредник и еден корисник на таквото посредство и отворено говорат за оваа појава. Досега, такви кажувања имало само анонимно или, пак, го немало и тоа – сè било обвиено со претпоставки.
Прочитај повеќе

skrinsot-japonija-crop-resize

 

[Рецензија: Неколку закони поради кои Муслиманите не смеат да претнат во Јапонија]

 

Рецензираме еден пропаганден материјал со јасна антиисламска обоеност, без ниту минимум запазени новинарски правила за пишување, преполн со невистини и со претерувања, без наведени извори и без каков било обид за потпирање врз факти и без оградување од искажаните невистини, па како таков не би требало да заслужи место во медиум кој држи до тоа објективно и вистинито да ги информира своите читатели.
Прочитај повеќе

sabotaza-0987-098-crop-resize

 

[Рецензија: Пукна првата „саботажа“ на Среќко Поповски посветена на Зоран Заев]

 

Овој текст не е вистинит. Повеќето наликува на козерија иако, за волја на вистината, и од тоа е далеку. И, што е најспорно во текстот, тоа никаде не е наведено. Основно правило во новинарството е да се објавува вистината, па макар тоа да биде и на шега.
Прочитај повеќе

← Previous PageNext Page →