И-Телма-како-Заев-по-израелскиот-доби-европски-шамар-NetPress-NetPress-crop-resize

 

[Рецензија: И Телма како Заев, по израелскиот доби европски шамар]

 

Ова е еден крајно пристрасен и политички мотивиран текст кој звучи како да излегол од кујната на некоја политичка партија, а не од новинарска кујна.

И Телма како Заев по израелскиот доби европски шамар NetPress NetPressЛинкуван наслов на анализираниот напис: И Телма како Заев, по израелскиот доби европски шамар

Датум и време на објавување: 21.10.2015

Датум на рецензирање: 26.10.2015

Рецензент: Ана Анастасовска

Овој напис на почетокот изгледа како сосема нормален новинарски извештај. Но, по вториот пасус, ваквиот извештај, од новинарски се претвора во партиско соопштение.

Ова е нов офсајд за сдсмовското новинарство на Телма, која откако минатата недела беше вмешана во дипломатскиот скандал на Заев пренесувајќи ги невистините за средбите во Израел повторно во служба на СДСМ пласира нови лаги.

Телевизијата Телма работела во служба на СДСМ и користела некакво си сдсмовско новинарство. Сигурно ова е некој нов поим во новинарството, бидејќи досега не сме слушнале за ваков жанр. Оттука, станува јасно веќе која е целта на текстот. А, тоа сигурно не е пренесување на вест, туку напад на друг медиум и тоа без никакви факти и докази, туку едноставно служејќи се со манипулации.

Телевизијата преку скандалозен новинарски текст под насловот „Наместо Груевски Иванов на Самитот во Брисел“ пласира нови лаги и конструкции нарачани директно од СДСМ за некакво незадоволство и револт на претседателот на ЕК,  Жан Клод Јункер од одлагањето на роковите за исполнување на обврските од договорот од Пржино.

Тука авторот алудира на некаков скандалозен текст, но заборавил да стави линк од истиот, за читателот да може самиот да го прочита и да процени дали навистина станува збор за скандал. Наместо информација, новинарот тука се служи со инструментот убедување во она што тој го мисли. Исто така, нема доказ дали текстот бил навистина нарачан од СДСМ. Кога веќе авторот го тврди тоа, можел да побара став од главниот уредник на телевизијата, или пак од СДСМ.

Од Владата излегоа со официјално соопштение во кое се вели дека премиерот нема да биде во можност да присуствува на средбите организирани од страна на Јункер в недела поради претходно договорена и организирана посета на Обединетите Арапски Емирати, каде ќе оствари средба со високи претставници од политичкиот и економскиот живот на земјата.

Подолу, секако, пренесено е соопштението од владата, но текстот на Телма сè уште го нема линкувано, ниту, пак, е цитирано нешто од него. Значи, во случајов имаме напад врз медиум за текст за кој поим немаме што содржи истиот. Но, го имаме демантот од владата за истиот и, секако, коментарот на анонимниот автор кој распалил по свој колега без никакви прикажани докази. Притоа, користен е речник кој и тоа како звучи како да е излезен од кујната на владејачката партија.

Овој напис е политички пристрасен, несеопфатен и необјктивен и има една и единствена цел – напад врз Телма по секоја цена и обид телевизијата да се етикетира како сдсмовска.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).



ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВистинитост

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИзвори на информации

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСодржајност

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПристрасност

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКоментирање

нема коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПлагијат

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКвалитет на насловот

информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФотографија

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГовор на омраза

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУреден за веб

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Коментари

Коментарите ќе бидат модерирани според правилата за коментирање и нема да се толерираат навреди, клевети или говор на омраза.

Одговори