aaaa-09876-0980706-crop-resize

 

[Рецензија: Насер Селмани се зачлени во СДСМ]

 

Пресметка со новинар, се подразбира за некого неподобен, преку партиско-медиумска „експозитура“. Станува збор за исклучително гневно четиво чиј фокус е насочен не само кон првиот човек на ЗНМ, туку и кон самото здружение зашто конкретната личност излезе со став за еден од настапите на премиерот. Мотивацијата на текстот е јасна, а и не се крие – политичка е со цел да се оцрни претседателот на ЗНМ, а преку него и најголемата и најстара новинарска асоцијација. А, како некого најлесно да „сатанизираш“ во земјава ако не со тоа да го означиш дека е „СДСМ“-овец.

aaaaЛинк до оригиналниот напис: Насер Селмани се зачлени во СДСМ

Датум и време на објавување: 28.10.2105, 16:27

Датум на рецензирање: 30.10.2015

Рецензент: Владимир Мирчески

 

„ДЕМОКРАТИЈА ВО 10 ЧЕКОРИ“ – СЛОБОДАТА НА ГОВОРОТ Е СВЕТОСТ

Тој што го пишувал текстов, а длабоко сум уверен дека не е колега-новинар, изгледа не го прочитал Уставот. Еве, една лекција за „демократија во 10 чекори“:

Се гарантира слободата на уверувањето, совеста, мислата и јавното изразување на мислата. Се гарантира слободата на говорот, јавниот настап… – член 16 од Уставот на РМ.

Што повеќе?! Буквално се распнува човекот зашто решил малку подлабоко да го анализира говорот на премиерот во кој тој, веќе вообичаено, се повикуваше на „народот“. Претседателот на ЗНМ си го изнел сопственото мислење на својот фејсбук-профил и преку проста математика го разгледал настапот на Груевски, а таа вели дека „неприкосновениот“ премиер и владејачката партија, според резултатите од ланските избори, владеат со 26-процентна поддршка во земјава. Очигледно некому таквото размислување на Насер Селмани не му се допаднало и ете го епилогот – налог-материјал за своевидна медиумска егзекуција, текст со се и сешто ама не и запазување на професионалните критериуми, факти, аргументи, прецизни извори, објективност. Веднаш да разјасниме, ова е коментар во секоја смисла и тоа преполн со навредливи елементи:

Тезите за независното и професионално новинарство на СДСМ, почнуваат и завршуваат со секоја дадена изјава на Насер Селмани, со која целосно се прикажува неговата политичка односно партиска припадност и неговото функционирање како партиски кадар на СДСМ, а не човек кој треба да биде претставник на дел од новинарската фела во државата.

Со секоја своја изјава Насер Селмани настапува како партиски кадар на СДСМ, употребувајќи и повторувајќи тези кои се излезени од кујната на СДСМ, со што во континуитет нанесува директна штета на ЗНМ.

Партискиот кадар на СДСМ, Насер Селмани, со овој негов партиски обид за напади и манипулации покрај тоа што повторно ја докажа неговата стопроцентна поврзаност со СДСМ.

 

Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот – Кодекс на новинари.

Следејќи ја својата улога во градењето на демократијата и на цивилното општество, новинарите ќе ги бранат човековите права, достоинството и слободата, ќе го почитуваат плурализмот на идеите и ставовите, ќе придонесуваат за јакнење на правната држава и во контролата на власта и на другите субјекти од јавниот живот – Кодекс на новинари.

 

ОДМАЗНИЧКИ ТЕКСТ

Пишувањата на првиот човек на ЗНМ кои се темелат на фактографија и бројки, ама не во корист на владејачката гарнитура и премиерот, некому му биле доволни за, без какви било аргументи, а и извори, Селмани да го прогласи за СДСМ-кадар. Докази за таква конекција написот едноставно не нуди. Сè се сведува на своеволни тврдења или, пак, на перцепција, ама не и на вистинити показатели. Од каде храброто тврдење дека „Селмани се зачленил во СДСМ“? – Од аргументи сигурно не!

Истовремено се прави и спин што ја дополнува општата слика за материјал кој речиси и да нема допирни точки со новинарството и само не потсетува дека е одмазнички текст. На забелешката на Селмани за своевидна (зло)употреба на терминот „народ“ од страна на премиерот и безмалку неговото изедначување со оној дел од популацијата што гласал за владејачката партија за некого е показател дека станува збор за „партиско дејствување и весела сдсмовска математика“. И оттука се влече изместената теза:

…произлегува дека за Селмани, Ангела Меркел нема право да говори во име на граѓаните на Германија затоа што освоиле избори со само 41.5% од гласовите, Франсоа Оланд нема право да говори во име на граѓаните на Франција кој освоил 29% од гласовите…

А Селмани напиша: „Груевски не може да зборува за македонски народ, затоа што само 26 отсто од тoј македонски народ гласал за неговата коалиција.

Значи, тој принципиелно забележува дека не може изборните резултати и поддршката што ја добил Груевски да се поистоветува со целата држава преку толку омилената фраза на премиерот – „НАРОДОТ“. Тоа што едноставно логицирање некој го перцеприрал како „партиска агенда“ е друг проблем. Впрочем, континуирано во европските извештаи се забележува дека државата не е одвоена од партија, што пак е само потврда на фејсбук-постот на Селмани што упатува на истото – дека не се што живее во државава е за власта и за нејзините политики и дека не треба да се става знак на равенство меѓу поддршка на избори и вкупната популација.

Конечно, што е толку страшно ако гласно се размислува за однесувањето на власта, потезите во политичките разговори, кои упатуваат на тоа дека не се сака да се имплементира договореното во Пржино, дека зад некомплетирањето на тимот на специјалната обвинитела има чиста политика?

Според мене нема ама баш ништо страшно, па не живееме во Белорусија, или пак можеби живееме, а?!

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВистинитост

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИзвори на информации

нема евидентирани извори

не може да се утврди

infoVistinitostСодржајност

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПристрасност

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКоментирање

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПлагијат

најверојатно е оригинал

ненаведен автор

infoVistinitostКвалитет на насловот

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФотографија

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГовор на омраза

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУреден за веб

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Коментари

Коментарите ќе бидат модерирани според правилата за коментирање и нема да се толерираат навреди, клевети или говор на омраза.

Одговори