Овој напис го има и на: Албански

[Рецензија: Клеветите на еден псевдоновинар]

 

Вистинското новинарство се заснива на факти и добро аргументирани информации. Вклучувањето на шпекулации и предрасуди во еден напис кој што претендира да биде информативен е во спротивност со новинарските стандарди.
Прочитај повеќе

11112-0988676-09876-crop-resize

 

[Рецензија: Таксиметарот на Ванхоуте врти по 900 евра на ден!]

 

Ако не можеш по магарето, удри по самарот“, народна изрека која одлично го сумира написот што го имаме в рака. Во период кога политичката криза се продлабочува, кога позициите на партиите се крајно спротивставени без најава за решение, на публиката ѝ се „овозможува задоволството да ужива“ во текст кој упорно се обидува вината за, засега, континуираните неуспеси во разговорите да ја најде токму во човекот кој, ако ништо друго, успеа сите да ги изненади со својата упорност и истрајност процесот да опстои. Значи, виновник за непостигнувањето договор не е партија(та), туку човекот кој ги информираше медиумите дека токму таа партија ги блокира разговорите. Пример за „Shoot the messenger“ („Пукај по доставувачот на туѓа порака“) – сценарио.
Прочитај повеќе

Кај нас се бара закон за заштита на свиркачите  во САД се зад решетки-crop-resize

 

[Рецензија: Кај нас се бара закон за заштита на свиркачите, во САД се зад решетки]

 

Главната теза на овој напис е дека додека кај нас во Македонија се бара законска заштита за свиркачите (дојавувачите), односно лицата кои јавно пријавуваат незаконско работење на своите работни места, додека, ете, во САД тие се прогонувани, што изгледа како обична хипокризија. Покрај ова, во написот има контрадикторни наводи во однос на заштитата на свиркачите во земјите на ЕУ.
Прочитај повеќе

 

10994450_878463498879869_3924129940726959558_n
Од перформансот „Да ја вратиме МРТ на граѓаните“ на граѓанската иницијатива „Ајде“. Фото: Ванчо Џамбаски

 

Од аспект на граѓаните, на сите граѓани во Република Македонија, МРТ е многу повеќе од само уште една телевизија.

Пишува: Зоран Бојаровски
Прочитај повеќе

Галскиот водач, Версингеторикс, го положува мечот пред Цезар по битката кај Алесија , 52 година н. е. Фото: Музеј Crozatier,  Puy-en-Velay, Auvergne, Франција. Насликано: 1899 година.
Галскиот водач, Версингеторикс, го положува мечот пред Цезар по битката кај Алесија , 52 година н. е. Фото: Музеј Crozatier, Puy-en-Velay, Auvergne, Франција. Насликано: 1899 година.

 

 

Историјата на новинарството бележи дека за почеток на оваа професија може да биде земена 59 година п.н.е., односно појавата на првите ѕидни весници „Acta Diurna“ на Јулије Цезар кога на форумот, т.е. во средиштето на јавниот живот биле ставани ѕидни плочи на кои се излагале извештаите за сенатските заклучоци, воените збиднувања, како и за важните градски и државни настани. Цезар бил мудар, но и знаел добро да манипулира и се служи со разработени пропагандни техники, објавувајќи само вести за неговите успеси, но не и порази или, пак, да селектира, цензурира за да не ја наруши, а ја величи својата позиција и углед. И така, катадневно, сѐ додека бил на власт, ја „хранел“ јавноста за својот успех на кој се базирал неговиот углед.

 

Пишува: д-р Дејан Доневвонреден професор по етика во новинарството и етика во медиумите
Прочитај повеќе

← Previous PageNext Page →