FireShot-Screen-Capture-129-Грција-во-паника-netpress_com_mk_gr-crop-resize

 

[Рецензија:Грција во паника поради обезбедувањето на границата – бегалците се насочуваат само кон Македонија]

 

Во опширен текст, без потпис на авторот, пренесен на две страни, а поврзан е со бегалската и со мигрантската криза, нема ни збор за состојбата на луѓето покрај границата, за положбата во која се наоѓаат илјадници мажи, жени деца, кои лежат на железничка пруга, одбиваат храна и хуманитарна помош. Затоа во него има многу навреди, дискредитации, стигматизација, сатанизација, ксенофобија…

FireShot Screen Capture #129 - 'Грција во паника поради обезбедувањето на границата - бегалците се на_' - netpress_com_mk_grЛинк до оригиналниот напис: Грција во паника поради обезбедувањето на границата – бегалците се насочуваат само кон Македонија

Датум и време на објавување: 21.11 2015 14:20

Датум на рецензирање: 23.11.2015

Рецензент: Александар Писарев

 

КОЛАБОРАЦИЈА СО ГРЦИЈА

Централната тема се негативните реакции на грчките медиуми, на европарламентарка Марија Спираки и на грчката опозиција поради затворање на границата за одредени категории мигранти и поставување бодликава жица од наша страна и наводните „реакции “ на „соросовите и опозицски медиуми и невладини организации“, чии ставови се ставаат во негативна конотација и, според авторот, се совпаѓаат или се блиски до грчките, а спротивни на ставовите на актуелната власт.

Иако, реално, за последните случувања на границата, апсолутно немало такви реакции од „опозициските и соровосовите медиуми и од невладините организации“, во текстот тие се обвинети за колаборација со Грција.

„Со речиси идентични критики за одлуката на македонските власти се јавија и проопозициските и соросови медиуми, организации и активисти во Македонија, кои што поставувањето на бодликавата жица го оценија како погрешно и повикаа границата да остане отворена.“

 

РУСКА ПРУГА

Во понатамошниот текст, кој има елементи и на ксенофобија кон бегалците, нивна стигматизација и сатанизација, медиумот инструментализирано го користи својот простор во функција на поддршка на владината политика, се занимава со интриги и со консктрукции во согласност со дневнополитичките потреби на владејачката партија.

За да ги засили „аргументите“ против опозицијата, против медиумите, кои се критички кон власта, и против Џорџ Сорос, на помош се „повикани“ претставници и експоненти на слични режимски политики во регионот и пошироко, во Унгарија и во Русија, чии ставови кон одредени прашања се осудени од европската и од светската демократска јавност.

„Соросовата машинерија во континуитет се претставува како заштитник на правата на бегалците и мигрантите, обидувајќи се да покажат наводно прекршување од страна на македонските власти, иако според познавачите на состојбите, меѓу кои и рускиот експерт и новинар Андреј Корибко, идеата е оваа категорија на лица да се искористи во престојните нови обиди за предизвикување на обоена револуција во Македонија, во пресрет на предвремените избори во aприл. И унгарскиот премиер Виктор Орбан неодамна го обвини Џорџ Сорос дека е најсилен пример  за оние што поддржуваат сè што ги ослабува националните држави и сè што го менува традиционалниот европски животен стил.“

 

ЗАКАМУФЛИРАНИ НАМЕРИ

Без ниеден доказ ги сатанизира и ги стигматизира бегалците и мигрантите, критичките медиуми и невладините организации, јасно нагласувајќи дека не дозволува критика на политиката што ја спроведува актуеланта власт.

„Особено се предупредува на фактот што меѓу бегалците има камуфлирани терористи, а постојат верувања дека тие претставуваат најмалку еден процент од вкупниот број на бегалци. Оваа мигрантска инвазија се води од страна на шверцери, а од друга страна од активистите на Џорџ Сорос, кои внимаваат на „човечките права” и прават сè кое што слабее и подкопува дадена држава.“

Суштина на општествената критика е да се изнесе сопственото мислење, но ако е тоа неаргументирано, не нуди подобро решение, не е оперативно, тогаш станува збор за комплетно неаргументитрани обвнувања.

Но, ако, пак, се критикува однесувањето на еден авторитарен режим, без оглед во каква идеолошка матрица е вовлечен, тогаш критиката е вистинскиот застапник на слободата и на демократијата и како новинар се следи сопствената улога во градење на демокртаско и цивилизирано општество, според основните принципи на однесување и според Кодексот на новинарите на Македонија.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВистинитост

нема факти

infoVistinitostИзвори на информации

има евидентирани извори

неофицијални

2 извори

еднострани

infoVistinitostСодржајност

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПристрасност

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКоментирање

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПлагијат

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКвалитет на насловот

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФотографија

има

несоодветна

ни манипулира ни информира – ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГовор на омраза

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

дискриминира

социјална

infoVistinitostУреден за веб

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Коментари

Коментарите ќе бидат модерирани според правилата за коментирање и нема да се толерираат навреди, клевети или говор на омраза.

Одговори