11232015-Telegraf-Vangja-crop-resize

[Рецензија: Пророштвото се исполнува: Баба Ванѓа предвиде дека Путин ќе владее со светот?]

 

Оваа медиумска содржина исполнува само две функции: атрактивност (во овој случај, повеќе – сензационализам) и читаност. Кога овие две функции би се оставрувале со професионални новинарски стандарди – па дури и да станува збор за сензационализам, не би било ништо спорно. Но, ако тоа се прави со манипулација, тогаш сме далеку од професионалните и етички журналистички стандарди.

11232015-Telegraf-VangjaЛинк до оригиналниот напис: Пророштвото се исполнува: Баба Ванѓа предвиде дека Путин ќе владее со светот?

Датум и време на објавување: 21.11.2015

Датум на рецензирање: 24.11.2015

Рецензент: Зоран Бојаровски

Комплетниот текст, вклучувајки ја и насловницата, се оформени без аргументи. Поставена е „новинарска“ содржина на темели од песок и магла, односно на едно максимално општо предвидување на еден апсолутно нерационален извор – Баба Ванѓа.

За да бидеме докрај прецизни и доследни на нашата аргументација, еве го и тука „пророштвото“ на бабата:

Нема сила која би можела да ја скрши Русија. Русија ќе се развива, ќе расте и ќе цвета. Никој не може да ја запре таа голема земја.

Дури и да ја земеме бабата како извор, како тоа може да се изведе наслов и да се формира текст кој сугерира дека пророштвото се исполнува и дека Путин ќе владее со светот?!?

Бабата не го спомнува, ниту го навестува Путин.

Затоа велиме дека овде се среќаваме со извртување на исказот на „изворот“, а тоа не е ништо друго освен – манипулација. Таа манипулација произлегува од глобалната хистерија која од рускиот претседател прави мит. Афирмацијата на митовите е спротивно на афирмацијата на вистината, бидејќи митовите се исто толку непријатели како и лагата зашто и тие – како и лагата, се настојчиви, насилни и нереални.

Ете. Тоа е резултат кога претскажувачи и јасновидци стануваат извор во новинарството.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВистинитост

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

неверодостојни наводи

infoVistinitostИзвори на информации

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

1 извор

infoVistinitostСодржајност

несеопфатнo

infoVistinitostПристрасност

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКоментирање

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПлагијат

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКвалитет на насловот

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФотографија

има

соодветна

ни манипулира ни информира – ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГовор на омраза

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУреден за веб

читлив

квалитетни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Коментари

Коментарите ќе бидат модерирани според правилата за коментирање и нема да се толерираат навреди, клевети или говор на омраза.

Одговори