Fokus-Kanal77-psaosi-crop-resize

 

[Рецензија: Пратеници и министри од ВМРО ДПМНЕ барале бугарски пасоши под итна постапка]

 

Последиот викенд во неколку медиуми излезе веста на бугарската информативна агенција „Фокус“, често користена кај нас кога се работи за бугарски погледи кон Македонија, а во која се тврди дека 17 пратеници на владејачката партија итно побарале бугарски пасоши, по што во низа медиуми следеа и коментари во стилот „Абре Македонче, каде се спремаш?“ Се покажа дека медиумите кои ја пренеле оваа вест наседнале на информациска замка!

Fokus-Kanal77-psaosiЛинк до оригиналниот напис: Пратеници и министри од ВМРО ДПМНЕ барале бугарски пасоши под итна постапка

Датум и време на објавување: 21.11. 2015, 17:18

Датум на рецензирање: 24.11.2015

Рецензент: Љубомир Костовски

Бугарската Новинска агенција „Фокус“ обзнанува дека 17 сегашни пратеници од редовите на ВМРО ДПМНЕ побарале од Бугарската влада, под итна постапка да им се издадат патни исправи од Р.Бугарија.Според истата новинска агенција покрај екс лидерот на ДПМНЕ Љубчо Георгиевски, патни исправи на Р.Бугарија поседуваат пратениците Александар Николовски, Силвана Бонева, Антонио Милошовски, Илија Димоски и други. Според Бугарската Новинкса агенција „Фокус“, половина македонска влада поседува Бугарска патна исправа.

Објавувањето и пренесувањето на оваа информација, која во дадените околности и „обаче“ делуваше многу веројатно, е пренесена и во соседството (преку агенцијата Танјуг) по што дојде демантот од софиските „Фокусовци“. Тие се изненадени од содржината и сметаат дека самите не располагаат со факти кои би ја поткрепувале таквата вест, иако се и таму убедени дека некои „во владата и во Парламентот се наклонети кон тоа да си побараат бугарско државјанство“(!). Но, оценуваат во агенцијата, очевидно се работи за текст со кој се подгрејуваат меѓупартиските „војувања“ во пресрет на изборите.

Самата агенција во демантот, инаку не кажува дека таква вест навистина таа не емитувала, и тоа на два пати, но на 1 април и тоа во 2014 и во 2013 година! Ова го кажува нашата агенција која ги пренела тие првоаприлски шеги.

Ова, секако, е добра школа за сите новинари да не избрзуваат со вакви „скокотливи“ вести и да ги проверуваат на тикерот. Особено ако се работи за софиски „Фокус“.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВистинитост

има факти

неточни наводи

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИзвори на информации

Се работи за два пати повторена вест на иста агенција како првоаприлска шега

неофицијални

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСодржајност

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПристрасност

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКоментирање

нема коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПлагијат

целосна копија (агенциска вест)

ненаведен автор

infoVistinitostКвалитет на насловот

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФотографија

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГовор на омраза

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУреден за веб

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Коментари

Коментарите ќе бидат модерирани според правилата за коментирање и нема да се толерираат навреди, клевети или говор на омраза.

Одговори