1113-09876-0987-09807-crop-resize

 

[Рецензија: Резултатите од анкетата на ИРИ се шамар за политиките на СДСМ]

 

Да немаше таков коментаторски пристап, да имаше вистински, а не „виртуелни“ експерти и да го немаше ептен видливиот навивачки пристап, ова ќе беше коректно четиво. Ама, сите претходно наведени „мирудии“ се искористени и е добиен текст што не кореспондира со познатите, барем минимални, професионални стандарди.

111Линк до оригиналниот напис: Резултатите од анкетата на ИРИ се шамар за политиките на СДСМ

Датум и време на објавување: 22.11.2015, 16:26

Датум на рецензирање: 24.11.2015

Рецензент: Владимир Мирчески

 

ДОБАР Е ЗА ПАРТИСКО СООПШТЕНИЕ, АМА НЕ И ЗА ЛЕГИТИМЕН НОВИНАРСКИ ТЕКСТ

Вистинитост во делот на бројките од истражувањето на ИРИ има, ама за жал таа е жртвувана и е ставена во подредена позиција во однос на присутните коментар до коментар до коментар…

Црните сценарија, политиките на хаос и празните обвинувања за недостаток на слобода во државата си го сторија своето па рејтингот на опозицискиот лидер Заев падна од 7 на 5%, додека поддршката за Груевски останува стабилна на 18%.

 

Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот – член 13 од Кодексот на новинари.

Флагрантно кршење на кодексот – написот е ставен во рубриката „Македонија“, иако е јасно дека е поблиску до тоа да биде сместен во делот „коментари“.

Но, ова не е единствениот сериозен проблем. Написот се соочува и со отсуство на јасно наведени и прецизирани соговорници, именувани како „експерти“, врз чии изјави се темелат дел од носечките тези на материјалот:

Експертите коментираат дека ваквите резултати се јасна порака од граѓаните дека на власт не се доаѓа без работа, идеи и програма, со празна реторика за недостаток на демократија особено не додека раководството на опозицијата се сонча во своите јахти на плажите во Грција.

 

КОГА ДЕМОКРАТИЈАТА И СОНЧАЊЕТО ОДАТ РАКА ПОД РАКА

Ќе повторам, аман веќе од овие фантомски експерти, аналитичари, познавачи на состојби и не знам што се не. Ајде нека се појави јунакот-експерт, со лик, име и презиме, кој аргументирано ќе го одбрани пласираното тврдење дека има празна ретортика за недостаток на демократија, додека опозициското раководство се сонча на своите јахти и си одмора. Како мене како читател ќе ме убедат во вистинитоста на тезата која ја поврзува демократијата и сончањето, ако не знам кој стои зад неа? – Никако, зашто можеби се само партиски фрази „обландирани“ во медиумско пакетче?!

Очекувано, има многу пристрасност што пак повлекува отсутство на објективност. Поточно, впечатокот е дека целиот материјал како да блика од радост зашто власта има подобри бројки во анкетата од оние на опозицијата.

Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти – член 14 од Кодексот.

Во секој случај, ова како легитимен новинарски производ едноставно не поминува.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВистинитост

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

делумно

infoVistinitostИзвори на информации

има евидентирани извори

официјални, анонимни

релевантни, нерелевантни

повеќе извори

еднострани

infoVistinitostСодржајност

можело и подобро

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПристрасност

делумно прикажува вистина

во одредени дози да

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКоментирање

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПлагијат

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКвалитет на насловот

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

нејасен

infoVistinitostФотографија

има

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГовор на омраза

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУреден за веб

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Коментари

Коментарите ќе бидат модерирани според правилата за коментирање и нема да се толерираат навреди, клевети или говор на омраза.

Одговори