СЈО ПРИЗНАВА ДЕКА ЉУБЕ ГО ПРОДАВАЛ ИМЕТО_ Ама, спорн_ - http___infomax.mk_wp_

[Рецензија: СЈО ПРИЗНАВА ДЕКА ЉУБЕ ГО ПРОДАВАЛ ИМЕТО: Ама, спорно е тоа што полицајците го пцуеле?!]

 

Истрагата која деновиве ја отвори тимот на Катица Јанева против протагонистите на апсењето на лидерот на партијата Обединети за Македонија беше вперена против начинот на кој тој беше лишен од слобода. На прес – конференцијата обвинителниот тим на ниту еден начин не навлезе ниту во тогашниот обвинителен акт, ниту во текот и крајот на судењето, ниту во височината на казната. Нивниот повод за истрагата не е поврзан ниту со актуелниот факт дека Љубе Бошкоски ни по пет години од апсењето, не го доби правото на слободен викенд како примерен осуденик, на што инсистираат неговите сопартијци.
Прочитај повеќе

Фото: jornal.cat
Фото: jornal.cat

 

Најгледаните медиуми во државата всушност не се медиуми, туку класични пропагандни ПР машини кои го штанцаат црното перде на лагата кое 24/7 ги покрива очите на јавноста. Не е веќе важно која институција или индивидуа во јавноста ќе презентира било какви докази за злоупотреба на јавните добра, не е важно ни што гледаме и слушаме со своите очи, пропагандистите го презентираат само она што сакаат.
Прочитај повеќе

Божицата Правда - статуа од Судот во Техеран. Иран. Фото: Википедија.

За поцелосно да ја информираат јавноста во врска со промените на Законот за кривична постапка, медиумите треба да обрнат внимание на потребата од скратена постапка, соодветноста на предложената измена и зошто периодот за подготовка на одбраната е ставен пред поднесување на обвинителниот акт.

Пишува: Проф. Мирјана Најчевска, експерт за човекови права
Прочитај повеќе

 

1300 субјекти се должни да објавуваат информации од јавен карактер. Фото: Wikipedia
1300 субјекти се должни да објавуваат информации од јавен карактер. Фото: Wikipedia

 

Медиумите можат да помогнат и да станат сервис за граѓаните во обезбедување и пласирање на информации кои би интересирале поголема целна група од нивната публика, но и преку постојниот интерес за транспарентност и отчетност,  на институциите да им покажат дека и тоа е во сферата на нивниот делокруг на работење и дека Законот за пристап до информации од јавен карактер не е само формалност, туку има и суштинско значење

 

Пишува: Светлана Вељановска, доц. д-р по меѓународно право
Прочитај повеќе

kurir

[Рецензија: Делегацијата на ЕУ повторно се оградува од Ван Хауте]

 

Од авион се гледа  дека вистинската намера на текстот што го рецензираме e да се оцрни експертот Питер Ванхауте, што, пак, е на линија со ставовите и на постапките на владејачката партија кога е во прашање белгискиот преговарач. Политичката пристасност на оваа тенденциозна објава е видлива од насловната констукција, па до последниот ред. Материјалот повеќе наликува на политички памфлет, отколку на новинарски производ.
Прочитај повеќе

Next Page →