kurir

[Рецензија: Срамота: Ѓунер, Милчин, Кабранов, Маричиќ, Ивана Туфегџиќ, Забрчанец и Борјан Јовановски поддржуваат плата од 3.400 евра за Каранфилова од Сорос]

 

Коментаторски, навредлив, потценувачки и сензационалистички текст, кој без докази става на тапет одредени личности кон кои се однесува непријателски и за кои, без нивна дозвола, објавува лични податоци. Текстот тврди дека сите личности набројани во написот ја оправдуваат платата на директорката на Фондацијата „Отворено општество“ – Македонија“, Фани Каранфилова.
Прочитај повеќе

http___kurir.mk_makedonija_vesti_s

[Рецензија: Соросовите организации со штелувани извештаи против сите држави кои ќе им се спротивстават]

 

„Сè што не ѝ   одговара на власта мора да се оцрни“ – ова е мотото под кое конкретниот текст, како и илјадници други, се раководи кога пренесува каква било информација поврзана со која било сфера од општеството, а којашто не е по ќеиф на властодршците. Поточно, на мета е земена домашната филијала на „Транаспаренси Интернешнл“, по објавувањето на последниот извештај за Индексот на перцепција на корупција во Македонија кој покажа огромен пад на земјата. Значи лоши вести и затоа следи атак, неаргументиран, се разбира.
Прочитај повеќе

Овој напис го има и на: Албански

press 24

[Рецензија: Апокалиптично пророштво-доаѓа крај на светот]

 

Објавата е сочинета од нафрлени и неразработени информации, кои не даваат никаква конкретна целина, а сензационалистичкиот наслов служи за привлекување читатели.
Прочитај повеќе

Овој напис го има и на: Албански 

press

 

Анализата за „десоросоизацијата“ и медиумите на албански јазик во Македонија е новинарско истражување кое го анализира известувањето на дел од медиумите за ова прашање, вклучувајќи го и мислењетo на експертите или професионалните новинари.

 

 

Пишува: Aдриан Керими
Прочитај повеќе

Џорџ Сорос како повод за бркање измислени сенки. Фото: Википедија/pixabay
Џорџ Сорос како повод за бркање измислени сенки. Фото: Википедија/pixabay

 

 

Лесното пенетрирање на термините „странски агент“ (во Русија) или „СОРОС“ (во Македонија) во многу провладини медиуми е осмислена стратегија на центрите на моќта контролирани од власта. По правило, овие термини секогаш се придружени со директни навреди и клевети, како „петта колона“, „соросоиди“, „предавници“, „шпиони“, „уништување на Македонија“ и слично, без објективно информирање и во отсуство на изјава или коментар од другата страна, односно од самата организација или фондација, мета на нападот

 

Пишува: Борис Камчев од Санкт Петерсбург
Прочитај повеќе

Next Page →