Оклопно возило на Армијат а на САД на должност во Полска како дел од непостоечките „3.600 американски тенкови“. Фото: Википедија, 2015
Оклопно возило на Армијата на САД на должност во Полска како дел од непостоечките „3.600 американски тенкови“. Фото: Википедија, 2015

 

 

Присуството на толку многу лажни вести во информатичкиот простор доведува до тоа државите да отвораат нови работни места – ловци на лажни вести кои треба да отстранат сознанија кои не се вистинити, а можат да направат штета!

 

Пишува: Љубомир Костовски

Бен Нимо е еден од оние луѓе кои пораснале со новите информатички технологии и кој како стипендист на Атланскиот совет го проучувал создавањето и патот на лажните вести. Тој едноставно смета дека овие вести се дел од воените стратегии и во некој случај дури и можат да иницираат војна или поголеми конфликти. Во мигот тој е дел од Дигиталната судска истражувачка лабораторија (Digital Forensic Research Lab) на Советот со повеќе колеги. Работи како аналитичар за одбрана и меѓународната безбедност, од областа на шеми и трендови на дезинформации и хибридна војна (disinformation and hybrid warfare). Од 1999 до 2011 година работел како писател и новинар во Европа, меѓу кои се вбројуваат и пет години во Брисел за прашањата на ЕУ и НАТО за Дојче Пресе-Агентур (ДПА). Во 2011 година тој се приклучил на прес-службата на НАТО, должности вклучени експертиза во области, вклучувајќи НАТО и Русија и односите меѓу НАТО и Украина, партнерства, застрашување, конвенционална и ракетната одбрана. Таа група брои 400 луѓе, а ја опслужува Службата за надворешни работи на ЕУ која има само 11-мина!

Нимо е виш научен соработник на Институтот за државната работа во Лондон, вонреден професор на Центарот за европски политички анализи, и поседува одлично познавање на јазици, вклучувајќи француски, германски, руски и шведски.

 

ВО СТРАВОТ СЕ ГОЛЕМИ ОЧИ

Еве како тој на примерот на присуството на американски тенкови во Полска ја објаснува специјалната војна, која се води преку весници и која, би заклучиле ние, евентуално може да предизвика и вистински конфликти!

На еден портал на проруските сили во Источна Украина – „Донбас Њус Ејџенси“ на 11 јануари е поставена ударна вест дека САД преместиле 3.600 тенкови на границата кон Русија и дека станува збор за масивен воен марш насочен против Русија. Инаку, според Нимо имаме пример на намножување на борбени возила, пред се, на тенкови до невидени димензии а сето тоа изгледа дури едно време – точно (види овде).

Откако во 2013 година последните американски тенкови ја напуштија Европа, тие се чини се вратија – на 12. јануари оваа година во Полска беше префрлена 3. американска тенковска бригада. Колоната, која од Бремерхафен тргнала кон источната граница на Полска, ја сочинувале преку 3.000 војници, 87 тенкови и стотици возила. Присуството на камери и фотографи на јавноста ѝ овозможило да го следи движењето, што била планирана политичка порака до Москва.

Како 87 тенкови станале 3.600? Па броењето на возилата од воздух, следењето на тие оклопни страшила низ полските градови довеле до „надувување“ на сè што се движи (џиповите, на пример) и она што било во придружба на тенковите и самото се претворило во тенкови. И тоа го правеле медиумите од другата страна, руската, без фактичкиот извор да придонесе на тоа. Немо вели дека еден весник на норвешките комунисти, кој ја осудувал оваа агресија кон Русија, бргу ја видел „јатката“ и ги исфрлил сите вести за оваа тема од своите он-лајн странци. Но, на проруските и руски медиуми очевидно им се допаднала лагата, кога и самите ја откриле и тие ја ширеле и натаму – ете го агресорот. Дури и „Дојче Веле“ станал дел од таа општа атмосфера која требала да им донесе сигурност на земјите во Источна Европа после Трамповите најави за рестрикции кон НАТО и подобрување на односите со Путин.

 

НОВА ПРОФЕСИЈА

Присуството на толку многу лажни вести во информатичкиот простор доведува до тоа државите да отвораат нови работни места – ловци на лажни вести кои треба да отстранат вести кои не се вистинити, а можат да направат штета!

Така, „Дојче Веле“ тврди дека во иднина Холанѓаните рачно ќе ги бројат гласачките ливчиња по изборите, од страв од руско влијание. Дури се шпекулира дека Ангела Меркел би била мета на напади од европските десничарски екстремисти преку ширење лажни вести.

Шефот на Apple, Тим Кук, на 10 февруари ги повика владите ширум светот да започнат јавна информативна кампања за борба против „злото на лажни вести”, кој, како што рече, значат убиството на човечките умови. Тој изјави дека зголемувањето на бројот на лажни вести се предизвикани од „бескрупулозните компании, утврдени за привлекување на онлајн читателите по секоја цена”. Епидемијата на лажни вести, истакна тој, е „голем проблем во голем дел од светот” и бара функционална влада и компании. Кук повика на почетокот на кампањата и на други слични кампањи, кои ги сменија ставовите за животната средина, со цел, како што рече, да ја едуцира јавноста за заканата од фабрикувани приказни он-лајн.

 

ГЕРМАНЦИТЕ И ЧЕСИТЕ ГИ ЧУВААТ ИЗБОРИТЕ

И нашите медиуми го пренесоа алармот на германските власти кои неодамна предупредија дека оваа земја е под напад преку кампања на дезинформации и преку ширење на неточни и непроверени вести кои ќе влијаат на исходот на изборите, закажани за оваа година. Како главни дизајнери на дезинформации и места за ширење на лажни вести се означени „про-руски сајтови”, кои јасно ја поддржуваат политиката на Кремљ. Германската разузнавачка агенција BFV потврди минатиот месец дека се забележани моќни финансиски извори како и развој на широк спектар на руски алатки со цел на дестабилизирање на владата во Германија, пишува „Гардијан” и наведува дека Кремљ тоа го демантирал: нема „cyberwars” против западните влади и институции.

Британскиот весник го цитира Стефан Зајберт, портпарол на германската канцеларка Ангела Меркел, кој вели дека Германија ќе ги искористи сите можни начини да се истражува ширењето на лажни вести на интернет, а најдобар одговор е „поголемата транспарентност”.

Во меѓувреме, на веб-страницата на ЕУ е создаден портал кој се занимава со „пронаоѓање на лажни гласини кои служат за поддршка на политиката на Русија” и има објавено повеќе примери за креирање на лажни вести, објавени кон крајот на минатата година и почетокот на оваа година. Во меѓувреме и Чешка се готви за ваква борба, бидејќи таму годинава и следната ќе има избори (парламентарни, односно претседателски).

Координатор на Центарот против заканите од тероризам и хибридни вести е Министерството за внатрешни работи, а со него раководи Ева Романцовова. Центарот ќе биде специјален тим од 15 набљудувачи ќе ги следат традиционалните медиуми и социјалните мрежи.

Но, да се вратиме на специјалистот Нимо. Тој вели дека лажните вести не се само производ на руската „кујна“. Безбројни лажни вести циркулираат од причина што некои луѓе со вакви веб-страници остваруваат рекламни приходи. За да бидат идентификувани, објаснува Нимо, треба да се бараат докази и патот на веста да се следи чекор по чекор, до нејзиниот извор. „Обвинувањето за ширење лажни вести има голема тежина, тоа мора да се докаже.“

Според него секој може да лови вакви вести на Интернет, ама за расветлување на сериозни и еклатантни случаи, потребни се експерти. Експертот нуди и уште еден совет: „Клучот е во емоциите. Ако некоја вест предизвикува чувства, бес или одбивност, наместо да стигне до разумот, тогаш е потребна нејзина проверка.“

 


Оваа новинарска лекција е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Новинарската лекција e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на новинарската лекција е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

Коментари

Коментарите ќе бидат модерирани според правилата за коментирање и нема да се толерираат навреди, клевети или говор на омраза.

Еден коментар на “Професија: ловец на лажни вести”

  1. Cash on април 26th, 2017 9:45 pm

    Ha! That IS hilarious.What made me laugh this week: My coworkers. In fact, I’m pretty sure my mascara is still smeared from this mo#inng&r8217;s hysterics. Good times at the office, friends. Good times.

Одговори