Наслов без „покритие“

Објавено во: Рецензии  | Читања 157

dretkln

 

[Рецензија: КОЛКУ ОД ДРЖАВАТА ПРОДАДЕ ЗАЕВ: ДУИ утре носи конечна одлука за коалицирање со СДСМ – барањата за редефинирање прифатени]

 

 

Наменски конструиран наслов да заплаши, да ја потресе јавноста. Но, кога подобро ќе се „загребе“ по неговата површина, ќе се види дека е само насловна конструкција без покритие.

1111Линк до оригиналниот напис: КОЛКУ ОД ДРЖАВАТА ПРОДАДЕ ЗАЕВ: ДУИ утре носи конечна одлука за коалицирање со СДСМ – барањата за редефинирање прифатени

Датум и време на објавување: 23.02.2017

 Датум на рецензирање: 27.02.2017

 Рецензент: Владимир Мирчески

 

 

ДИСХАРМОНИЈА

 Пример, во најлошо светло, за дисхармонија меѓу насловната конструкција и самиот напис. Поточно, насловот во овој случај отскокнува од релативно коректната содржина. Главната одлика на употребената формулација е спинот – се сугерира нешто што во текстот го нема. Оттука и произлегува наведувањето на читателската публика на погрешна страна:

„КОЛКУ ОД ДРЖАВАТА ПРОДАДЕ ЗАЕВ: ДУИ утре носи конечна одлука за коалицирање со СДСМ – барањата за редефинирање прифатени“

По ваквиот бомбастичен наслов би се помислило дека следува некаква експлозија од информации кои навистина би ја поткрепиле констатацијата… Но, не. Напротив, нема ништо да се прочита за продажба, за редефенирање итн… Се пренесуваат партиски ставови и изјави на претставници на ДУИ, потоа настап на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, очекувано СДСМ никаде го нема, ама, пак, тука е обвинувањето, изнесено во насловот, дека Заев се пазари со државните интереси.

Аргументи нема, вистински докази нема, значи се шират шпекулации.

Доколку информацијата не може да се потврди или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објавичлен 1 од Кодексот на новинари.

Не е лошо да потестиме како се прави и кои елементи треба да ги има вистинската насловна конструкција.

Насловот претставува своевидна пропаганда на деловите на кои се однесува и од кои произлегува. (Новинарски жанрови)

 

Добар наслов е информативен и изразувачки, како најважен дел на новинскиот текст тој мора да е верен на текстот, што значи дека треба да е актуелен, значаен, интересн, точен, прецизен. (Новинарска енциклопедија, Душан Ѓуриќ)

 

Складноста меѓу насловот и текстот треба да е повеќестрана. Ако насловот е „покривната конструкција за изѕиданата зграда“, тогаш добар архитект на печатените страници нема  модерното бетонско здание да го надградува со барокен покрив и затоа насловот се одредува според написот… (Новинарска енциклопедија, Душан Ѓуриќ)

Наспроти ваквите насоки, во конкретниот случај имаме целосно промашен и политички – партиски обоен наслов.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

делумно

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

повеќе извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира – ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Коментари

Коментарите ќе бидат модерирани според правилата за коментирање и нема да се толерираат навреди, клевети или говор на омраза.

Еден коментар на “Наслов без „покритие“”

  1. Letitia on април 26th, 2017 5:04 pm

    Superior thinking deatostrmned above. Thanks!

Одговори