Овој напис го има и на: Албански

FireShot Capture 289 - Edhe Agim Vinca, njëjtë si BESA, kërk_ - http___www.sakte.net_edhe-agim-vin

 

Напис: И Агим Винца исто како Беса, бара редефинирање на државата

Професорот, писател, публицист и интелектуалец Агим Винца рекол дека за да постои и да напредува долгорочно како држава, Република Македонија треба да се редефинира, дефинирајќи се со Устав како држава на двете најголеми етнички заедници, словенските Македонци и етничките Албанци, како и на другите заедници што живеат во неа.

„Чудно е што лидерите на албанските политички партии во Македонија многупати се покажале повредни отколку нивните колеги Mакедонци, во заштита на Македонија како држава, станувајќи вака нејзини верни „чувари“. Македонија, како што сум истакнал уште пред четврт век во мојата книга „Назапирливиот народ“ (1992), е мултиетничка, мултикултурна и мултиверска држава и може да опстане само како таква, а не како унитарна држава, во која македонската страна сака со фанатизам да ја зачува нејзината привилегирана хегемонистичка позиција. За да постои и да напредува како држава подолгорочно, Република Македонија треба да се редефинира, дефинирајќи се со Устав како држава на двете поголеми етнички заедници, словенските Македонци и етничките Албанци, како и на другите што живеат тука. Ова, според моето мислење, е кондитио сине ква нон (услов без кој не се може) за опстанок на Македонија како држава“, рекол Винца.
Инаку, движењето Беса е тоа што долго време преку својата платформа за редефинирање, ја предвидува големата промена на општествено-политичкиот статус на Албанците во Македонија и инсистира за спроведување на оваа платформа.

 

[Рецензија: И Агим Винца исто како Беса, бара редефинирање на државата]

Написот е типичен текст кој сведочи како функционира пропагандата преку медиумите. Пропагандата користи многу извори како модели, макар и нерелевантни, со единствена цел да ѝ наметне на јавноста ставови и проценки, кои потоа се претвораат во некој вид дејство. Конкретниот текст користи став од еден публицист, кој, всушност, изнел став за настаните во Македонија, но без да конкретизира некој субјект или да поддржи некоја платформа. Врз основа на овие ставови и, секако, имајќи ја предвид пропагандната улога, конкретниот медиум изгледа го пресекол тој дел од ставот на публицистот што му одговара за ја постигне својата цел.

„Професорот, писател, публицист и интелектуалец Агим Винца рекол дека за да постои и да напредува долгорочно како држава, Република Македонија треба да се редефинира, дефинирајќи се со Устав како држава на двете најголеми етнички заедници, словенските Македонци и етничките Албанци, како и на другите заедници што живеат во неа“.

Иако цитатот е преземен од друг медиум, ова не е спомнато во ниту еден дел од текстот. Тука едноставно е парифразиран цитатот, а на крај не е наведен ниту еден извор. Факт е дека изјавата е преземена од еден косовски дневен весник и ова се забележува уште од фотографијата која е прикачена на овој текст. Неатрибуција на медиумот кој изворно ја напишал оваа изјава, овој текст го прави и плагијат.

„Чудно е што лидерите на албанските политички партии во Македонија многупати се покажале повредни отколку нивните колеги Македонци, во заштита на Македонија како држава, станувајќи вака нејзини верни „чувари“. Македонија, како што сум истакнал уште пред четврт век во мојата книга „Назапирливиот народ“ (1992), е мултиетничка, мултикултурна и мултиверска држава и може да опстане само како таква, а не како унитарна држава, во која македонската страна сака со фанатизам да ја зачува нејзината привилегирана хегемонистичка позиција. За да постои и да напредува како држава подолгорочно, Република Македонија треба да се редефинира, дефинирајќи се со Устав како држава на двете поголеми етнички заедници, словенските Македонци и етничките Албанци, како и на другите што живеат тука. Ова, според моето мислење, е кондитио сине ква нон (услов без кој не се може) за опстанок на Македонија како држава, рекол Винца

Edhe Agim Vinca njëjtë si BESA screenshotЛинк до оригиналниот напис: „И Агим Винца исто како Беса, бара редефинирање на државата

Датум и време на објавување: 21.02.2017

Датум на рецензирање: 22.02.2017

Рецензент: Адриан Керими

Пропагандата се забележува во последниот пасус. Текстот завршува со една дополнителна информација, која не му е потребна на текстот. Истакнувањето на Движењето Беса ја потврдува целта на авторот на целата вест да ѝ даде поддржувачка конотација, која наводно ја даваат интелектуалците надвор од државата за еден политички субјект.

„Инаку, Движењето Беса е тоа што долго време преку својата платформа за редефинирање, ја предвидува големата промена на општествено-политичкиот статус на Албанците во Македонија, како и инсистира за спроведување на оваа платформа“.

Освен овие професионални недостатоци и пропагандистичкиот елемент во самата вест, и насловот на веста е тенденциозен и ја содржи истата субјективна и коментаторска јадица. Споредил еден поединец со еден субјект, прекршувајќи го вака правото на читателот сам да направи проценки и споредби. Да не заборавиме, улогата на новинарот не е ова, туку едноставно да ѝ обезбеди на јавноста информација која ќе ѝ овозможи да биде добро информиран во изборот на нештата што допираат до нејзиниот интерес.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

дел од нив

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не

извртување на вистина (спин)

можеби

наклонетост

политичка пристрасност, комерцијална пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

делумна копија

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира – ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Коментари

Коментарите ќе бидат модерирани според правилата за коментирање и нема да се толерираат навреди, клевети или говор на омраза.

Одговори