Овој напис го има и на: АлбанскиFireShot Capture 291 - Dyftyrësia-e-Zaevit-dhe-shqiptarët-e-_ - http___proverkanafakti.mk_wp-conte

Напис: Дволичноста на Заев и изневерените Aлбанци

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во една дебатна емисија на ТВ21, за време на предизборната кампања, кога имаше потреба за гласовите на Aлбанците, наспроти неколку аналитичари Aлбанци, истакна дека за да ги оствари ветувањата околу остварувањето на двојазичноста во Македонија, и  ако има потреба, ќе го менува и Уставот.

Тој и за време на кампањата се обидуваше да ги измами Aлбанците, велејќи дека ако тој стане премиер, ќе го официјализира албанскиот јазик, но пред Mакедонците тој го негираше тоа и велеше дека нема да го менува Уставот.

 

Оваа негова дволичност и измамите на СДСМ денес Aлбанците ги чувствуваат на своја кожа и гледаат дека Зоран Заев е потомок на СДСМ, на „чизмата“ која никогаш нема да се насити од дискриминацијата што ја врши врз Aлбанците.

Кога претседателот Иванов изјави дека тој што ќе собере 61 пратеник ќе може да ја состави идната влада, Заев почна со понудите до политичките партии, но не му одеше така лесно.

Тој направи еден предлог-закон за албанскиот јазик кој беше уште полош од оној на ВМРО, со кој албанскиот јазик немаше да се официјализира, и со кој се забрануваше употребата на јазикот насекаде, на ниту една банкнота да нема албански збор и на полициските униформи да не биде напишано ништо на албански.

Али Ахмети побарал албанскиот јазик да биде официјален јазик, да се зборува и да се пишува во сите државни институции, на парите да пишува двојазично, како и на полициските и на војничките униформи, но измамникот Зоран Заев продолжува да ги негира овие барања на Албанците.

Од ДУИ секогаш тврделе дека предлог-законот за јазикот е минималната точка на компромис и дека без тоа нема ни потписи, а ни коалиција.

Инаку, денес СДСМ на Заев ѝ дал одговор на ДУИ, откако оваа партија вчера им го достави предлог-законот за албнскиот јазик, и не се знае дали ДУИ ќе ја прифати или ќе ја одбие втората понуда на лидерот кој го менува својот став секогаш кога тој или неговата партија имаат потреба од тоа. /Тетова сот/.

 

[Рецензија: „Дволичноста на Заев и изневерените Албанци“]

Не е ништо чудно да те изневерат политичарите. Но, кога ќе те изневери новинарството, тогаш треба добро да се размисли, особено во рамките на самите редакции и да се види што не е како што треба. По сè изгледа, коментирањето во текстот на една вест станало нешто нормално и толку едноставно и ова го практикуваат голем дел од медиумите во Mакедонија. Oва појава денес, најверојатно, се смета за нешто легитимно, а не како нешто што не треба да го има во информативните текстови.

Dyftyrësia e Zaevit dhe shqiptarët e zhgënjyer prej tij – Tetova SotЛинк до оригиналниот напис: „Дволичноста на Заев и изневерените Албанци

Датум и време на објавување:  19.02.2017

Датум на рецензирање: 22.02.2017

Рецензент: Ферикан Илјази

Овој текст е наменет за еден политичар, но целата „информација“ е заснована на личните убедувања на авторот. Од каде тој го има ова право? Во текстот на веста се наброени многу легитимни тези, но тоа што „малку“ го расипало угледот, е фактот што во него не се употребени извори или изјави од аналитичари, експерти или познавачи на ситуацијата, туку употребени се само убедувањата на тој што ја напишал содржината. Кога се работи за информативни текстови, ова не смее да се случува!

„Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во една дебатна емисија на ТВ21, за време на предизборната кампања, кога имаше потреба за гласовите на Aлбанците, наспроти неколку аналитичари Aлбанци, истакна дека за да ги оствари ветувањата околу остварувањето на двојазичноста во Македонија и  ако има потреба, ќе го менува и Уставот. Тој и за време на кампањата се обидуваше да ги измами Aлбанците велејќи дека ако тој стане премиер, ќе го официјализира албанскиот јазик, но пред Mакедонците тој го негираше тоа и велеше дека нема да го менува Уставот“.

Ако авторот употребеше малку поблаг речник и поинаков пристап, овој текст ќе изгледаше сосема поинаку.  Но, тука е употребен еден сосема поинаков пристап.

„Оваа негова дволичност и измамите на СДСМ денес Aлбанците ги чувствуваат на своја кожа и гледаат дека Зоран Заев е потомок на СДСМ, на „чизмата“ која никогаш нема да се насити од дискриминацијата што ја врши врз Aлбанците“.

Во текстот се зборува за измама, но не се даваат докази. Потоа, во негово продолжение се прават генерализирања, при што сите Албанци се ставаат во групата на лицата кои имаат исто мислење како авторот што го напишал текстот и во чија содржина тој навредува и се даваат коментари, како тој да го познава Заев уште од детството.

„Кога претседателот Иванов изјави дека тој што ќе собере 61 пратеник ќе може да ја состави идната влада, Заев почна со понудите до политичките партии, но не му одеше така лесно.

Тој направи еден предлог-закон за албанскиот јазик кој беше уште полош од оној на ВМРО, со кој албанскиот јазик немаше да се официјализира и со кој се забрануваше употребата на јазикот насекаде, на ниту една банкнота да нема албански збор и на полициските униформи да не биде напишано ништо на албански“.

Тешките зборови, обвинувањата и коментарите постојано се множат. Во делот истакнат погоре е напишано дека Заев предложил закон кој „го забранува албанскиот јазик секаде, на парите и на полициските униформи“. Предлогот на СДСМ никогаш не бил јавен, што би овозможило споредување на разликите, но и според тоа што е објавено и што ѝ било ставено до знаење на јавноста, со тој закон се додаваат елементи за употреба на албанскиот јазик, а не се ограничува неговата примена.

„Али Ахмети побарал албанскиот јазик да биде официјален јазик, да се зборува и да се пишува во сите државни институции, на парите да пишува двојазично, како и на полициските и на војничките униформи, но измамникот Зоран Заев продолжува да ги негира овие барања на Албанците“.

Од каде знае авторот дека Заев им ги негира барањата на Албанците? Со што може да докаже тој дека Заев е измамник? Во текстот нема одговор на овие прашања. Напротив, како што истакнавме, освен коментарите во него нема никаков доказ.

Секогаш кога пишуваме една вест или една информација, треба да внимаваме многу кому му штетиме и за кого пишуваме позитивни работи. Не треба да фаворизираме една страна на штета на друга, само поради нашите лични убедувања или лични интереси. Нашиот текст не треба да трпи од нашата пристрасност или, пак, од убедувањата што ги имаме во нашиот личен живот. Низа членови од Етичкиот кодекс на новинарите во Македонија може да ни бидат појдовна точка за еден текст поинаков од овој што го рецензиравме.

  1. Новинарот има право на слободен пристап до сите извори на информирање што се од јавен интерес. Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи. Доколку информацијата не може да се потврди или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави. Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно.
  2. Новинарот нема свесно да создава ниту да преработува информации што ги загрозуваат човековите права или слободи, нема да говори со јазикот на омразата и нема да поттикнува на насилство и на дискриминација врз која било основа (национална, верска, расна, полова, социјална, јазична, сексуална ориентација, политичка…).
  3. Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот.
  4. Новинарот ќе ги чува угледот и достоинството на својата професија, ќе ги поттикнува заемната солидарност и различноста на ставовите и нема да го употреби својот медиум за пресметка со личности, вклучувајќи ги и своите колеги.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира – ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

поттикнувачки говор

употребен е оштар и поттикнувачки речник

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Коментари

Коментарите ќе бидат модерирани според правилата за коментирање и нема да се толерираат навреди, клевети или говор на омраза.

Одговори