Спинерска конструкција

Објавено во: Рецензии  | Читања 215

zurnal

[Револтирани граѓани до Шилегов: Ќе ја продаваш ли Македонија? (ФОТО)]

 

 

Написот е коментаторски  и претставува своевидно слободно толкување на фотографија, без притоа да се запазат новинарските жанрови и стандарди за професионално информирање.

Револтирани граѓани до Шилегов Ќе ја продаваш ли Македонија ФОТО zurnal.netЛинк до оригиналниот напис: Револтирани граѓани до Шилегов: Ќе ја продаваш ли Македонија? (ФОТО)

Датум и време на објавување: 27.02. 2017

Датум на рецензирање: 02.02.2017

Рецензент: Димитар Тануров

 

 

ЛОШ МИКС

Написот, според својата форма, е мешавина од фотовест и од вест, но ако се анализира според содржината и начинот на кој е составен, може да се заклучи дека има премногу текст за фото-вест, а премалку податоци за вест.

„Ниту партискиот портпарол Петре Шилегов не е поштеден од гневот на револтираните граѓани кои остро се противат на обидот на Зоран Заев и СДСМ да ја загрозат унитарноста на Република Македонија преку целосното прифаќање на албанската платформа и воведување на двојазичност на целата територија на Македонија“.

Велат една слика вреди 1.000 зборови, но во случајот или сликата не е доволно добра за да ги замени зборовите или зборовите се потребни за коментаторски да се прикаже една поинаква општа слика. Во овој случај, станува збор за правење спин, а тоа може да се забележи преку коментаторскиот елемент дека, наводно, граѓани испишале политички графит на ѕидот на портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов. Ваквото тврдење не е основано имајќи предвид дека официјално не се знае дали се обични граѓани или, пак, станува збор за партиски членови, активисти на ВМРО-ДПМНЕ.

Во написот недостига изјава од Шилегов, кој во случајот е жртвата на нападот, ниту, пак, има изјава од МВР, имајќи предвид дека се наведува дека ова не е прв ваков случај.

Во текстот не се запазени новинарските стандарди, кои се вметнати и во самиот Кодекс на новинарите, според кој секоја информација треба детално да се истражи, да се земат сите неопходни информации, да се прави разлика меѓу вест и коментар, да не се носат произволни заклучоци кои не се проверени и потврдени и да се обезбеди професионална дистанца при инфромирањето.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

анонимни

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира – ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

политичка дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Коментари

Коментарите ќе бидат модерирани според правилата за коментирање и нема да се толерираат навреди, клевети или говор на омраза.

Одговори