http___dnevnikmk-crop-resize

 

[Рецензија: Поранешниот воен разузнавач Софески починал од инфаркт]

 

Овој напис ја изевстува  јавноста дека поранешниот воен разузнавач , Горан Софески, починал од природна смрт,  но,  во исто време на читателите им соопштува и една погрешна информација: дека на телото на разузнавачот ќе се прави обдукција. И, токму со пласирањето на ваквата дезинформација  е упропастен  целиот текст.
Прочитај повеќе

Fokus-Kanal77-psaosi-crop-resize

 

[Рецензија: Пратеници и министри од ВМРО ДПМНЕ барале бугарски пасоши под итна постапка]

 

Последиот викенд во неколку медиуми излезе веста на бугарската информативна агенција „Фокус“, често користена кај нас кога се работи за бугарски погледи кон Македонија, а во која се тврди дека 17 пратеници на владејачката партија итно побарале бугарски пасоши, по што во низа медиуми следеа и коментари во стилот „Абре Македонче, каде се спремаш?“ Се покажа дека медиумите кои ја пренеле оваа вест наседнале на информациска замка!
Прочитај повеќе

skrinsot-remenski-crop-resize

 

[Рецензија: Корисниците на социјална помош загрижени што личности на СДСМ ги прегледува личните податоци]

 

Пред нас имаме доказ дека еден медиум се согласил да биде оружје за пресметка со политички противник, и тоа по цена да ги занемари сите новинарски правила, а посебно она најважното, а тоа е вистината. Паушални и невтемелени оценки и квалификации за постапките на новата министерка за труд и социјална политика од редовите на Социјалдемократскиот Сојуз, Фросина Ременски, смешни обвиненија дека таа вршела партизација на министерството каде што е на функција едвај неколку дена, анкета со сомнителна „спонтаност“, сето ова го има во прилогот кој е предмет на оваа рецензија. Кога овој текст, односно телевизиски прилог ќе се стави, пак, во контекст на вистинската политичка и медиумска хајка на која Ременски секојдневно е изложена, како од својот заменик, Диме Спасов од ВМРО-ДПМНЕ, така и од провладините медиуми, се добива една многу конкретна слика за неговата „употребна вредност“, а тоа е исклучиво во политичко-пропагандни, а не информативни цели.
Прочитај повеќе

1113-09876-0987-09807-crop-resize

 

[Рецензија: Резултатите од анкетата на ИРИ се шамар за политиките на СДСМ]

 

Да немаше таков коментаторски пристап, да имаше вистински, а не „виртуелни“ експерти и да го немаше ептен видливиот навивачки пристап, ова ќе беше коректно четиво. Ама, сите претходно наведени „мирудии“ се искористени и е добиен текст што не кореспондира со познатите, барем минимални, професионални стандарди.
Прочитај повеќе

11232015-Telegraf-Vangja-crop-resize

[Рецензија: Пророштвото се исполнува: Баба Ванѓа предвиде дека Путин ќе владее со светот?]

 

Оваа медиумска содржина исполнува само две функции: атрактивност (во овој случај, повеќе – сензационализам) и читаност. Кога овие две функции би се оставрувале со професионални новинарски стандарди – па дури и да станува збор за сензационализам, не би било ништо спорно. Но, ако тоа се прави со манипулација, тогаш сме далеку од професионалните и етички журналистички стандарди.
Прочитај повеќе

Next Page →